„…Оваа година нема да се фокусираме само на чистење на јавниот простор, туку и на чистење на политичката сцена!

Влегуваме во година на големо чистење, кога граѓаните конечно ќе имаат можност да ги отстранат политичките отпадоци што со години го попречуваат развојот.

Фосилите на ДУИ, кои останаа вкоренети во локалната власт без никаква визија, ќе бидат испратени таму каде што им е местото во историјата, покрај нивните сопартијци во опозиција, за конечно да се реформираат или рециклираат“ се вели во денешното соопштение од ВРЕДИ..

Додаваат дека токму ВРЕДИ „ќе биде гласот на промената во секоја општина со мнозинско албанско население.

Ние нудиме конкретни и одржливи алтернативи за добрo управување – како на централно, така и на локално ниво. Не се бориме само за власт, туку за суштинско, вистинско и долгорочно прочистување.

Ги повикуваме сите граѓани да станат дел од оваа нова енергија. Од чисти улици – до чисти општински институции. Од викендот за чистење – кон цела година на политичко чистење.

Времето на фосилите заврши – времето на ВЛЕН штотуку започна!, се наведува во партиското соопштение.