Македонија

Филипче тврди дека ВМРО-ДПМНЕ само сечеле ленти на инвестициите на СДСМ

За 4 години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, рече претседателот на СДСМ

За 4 години локална власт и година и пол централна власт, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една своја инвестиција, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Кисела Вода.

– Гледам дека Мицкоски сака да кажува басни на митинзите. А зошто раскажува басни? Затоа што тој нема што друго да каже. Четири години ја имаа речиси целата локална власт, и година и пол централната власт – рече Филипче.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фалеле со инвестициите на СДСМ и отворале патишта кои беа веќе завршени.

– Прашањето е едноставно – може ли Мицкоски да наброи две целосно свои инвестиции? Единственото со што се пофалија беа проекти што СДСМ ги донесе до 98%, 99% реализација. Тие само ја сечеа лентата. Отвораа странски инвестиции по трет, четврти пат. Во Штип одеа по 3 пати во фабриките, ни кажуваат работниците се смееле. Отвораат улици и патишта што веќе беа завршени. Да не се проектите на СДСМ, Мицкоски нема ни каде да се слика – рече Филипче.

Тој го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да преземе одговорност ако, како што вели, навистина е против корупцијата и криминалот во државата.

– Гледам дека Мицкоски вели дека корумпираните политичари требало да се испратат во историјата. Пазете тој бил криминалофоб. Се плашел од криминалот. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Еве му шанса на Мицкоски да се послуша самиот себеси и нека се отстрани од политиката. И тој, и неговите соработници – рече Филипче.

Филипче потсети дека токму партијата предводена од Мицкоски има најголем број кривични пријави, а зградата на ВМРО-ДПМНЕ е изградена со народни пари.

– Замислете, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата политичка партија во Европа, со седиште од 8 милиони евра, изградено со пари на граѓаните од даноци, бил против криминалот. Мицкоски седи на столче во партијата кое е од криминал купено, ама тој е против криминалот – рече Филипче.

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за криминал треба прво да си погледне во своите редови, додаде.

– Сите скандали за криминал, тендери по општините, во министерствата кои ги објавивме не ги признаа. Затоа кога зборуваат дека ќе апселе по изборите, никого не може да заплашуваат – рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Најнови вести од: Македонија

(ВИДЕО) Опсада кај „Охис“: Полициски конвои влегоа во фабриката по запленувањето на 5 тони марихуана

Големата полициска операција во кругот на поранешната фабрика „Охис“ продолжува со засилен интензитет. Попладнево, колона од десетина комби-возила, шест камиони и бројни полициски единици влегоа во објектот кој е под опсада уште од синоќа. Акцијата е директно поврзана со минатонеделниот меѓународен скандал, кога српската полиција заплени пет тони марихуана. Истрагата на српските служби потврди дека огромното […]

Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, државата им нуди можности на Ромите

Министереката денеска изјави дека на образованието на Ромите се посветува сериозно внимание со проектот „Деценија на Ромите“ и со други посебни проекти на МОН наменети за ромската етничка задница

Не може за едни 400, а за други 1.400 денари – Град Скопје става крај на повластените цени за паркинг

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави воспоставување на целосна дисциплина во секторот паркирање. Клучната новина е укинувањето на долгогодишната неправда каде администрацијата уживаше бенефиции на сметка на обичниот граѓанин.

Скапо или евтино е скијање во Австрија?! Македонец сподели искуство на социјалните мрежи

Додека голем број граѓани одлучија зимава да отпатуваат во ски центрите во регионот, како Копаоник и Банско, инфлуенсерот Стефан Спирковски замина во Австрија а за своите следбеници на Инстаграм сподели кратко видео во кое даде детален опис, колку навистина чини едно вакво уживање.

Скопје ќе биде модерен, чист, функционален и достоинствен град, рече градоначалникот

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот полека, но сигурно излегува од колапсот, хаосот и долговите создавани, како што рече, со години, со неодговорно владеење. Тој потенцираше дека тоа не е лесна задача, со тоа што му бил оставен Градот на работ од банкрот.

To top