Македонија

Ахмети: Да сакав, ќе ја поделев Македонија кога имав 15 илјади војници

Лидерот на ДУИ негира дека бил за „Голема Албанија“, туку за единствена Македонија, во која сите народи се еднакви

Одговарајќи на обвинувањата за обид за создавање Голема Албанија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека можел да го стори тоа во 2001 година, кога ја предводеше ОНА во војната со македонските безбедносни сили, но не сакал.

„Ме обвинуваат дека се борам и работам за Голема Албанија. Да сакав, ќе ја поделев Македонија кога имав 15 илјади војници. Ја имав најсилната елита на Албанците во државата – Ослободителната национална армија. Го имав документот пред мене, сè што требаше да направам беше да го потпишам и да седнам со Љубчо Георгиевски, кого го почитувам, затоа што тој кажува што мисли. Тој, и тогаш, и сега, не го променил својот став: тој е против мултиетнички држави. Мојата филозофија е спротивна на неговата филозофија“, изјави Ахмети за телевизијата Клан Косова.

Тој сè уште верувал, како и порано, дека Македонија може да стане Швајцарија на Западен Балкан.

„Живеев во Швајцарија и знам како функционира држава со четири нации. Зошто и Северна Македонија да не функционира? Од 2001 година велам дека оваа земја може да стане Швајцарија на Западен Балкан“, рече Ахмети.

„Воопшто не жалам. Јас сум за единствена Македонија, за Македонија каде што сите народи се еднакви. Јас сум за Македонија која е членка на Европската унија. Јас сум за отстранување на границите“, додаде тој.

 

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top