Македонија

По три години затвор за тројцата обвинети за депонијата „Вардариште“

Првостепена пресуда

Вкупно девет години затвор за предизвикувањето голем пожар на дивата депонија Вардариште. По 3 години затвор добија Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи затоа што создале депонија спротивно од прописите со што предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и на воздухот.

Откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Законот за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност.

„Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на закон за зивотна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината и поради тоа се осудуваат на казна затвор по 3 години“, им ја соопшти судијата пресудата на обвинетите“ рече судијката Бранка Наумовска.

Како олеснителна околност се смета тоа што се со семејства, тие се неосудувани и невработени. Тежината на кривичното дело и влијанието врз животната средина од кривичното Судот ги засмета како отежителна околност. Одбраната ќе ја обжали пресудата.

„И покрај тоа што е складиран отпад без одобрение, без фирма и безлиценца, тој отпад е претежно железо и други метали и на местотот каде е складиран отпадот воопшто не е палено“ рече Костадин Веселиновски, адвокат.

Сите тројца на минатото рочиште ја признаа вината за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад. Тие тогаш изразија каење и истакнаа дека нема да го повторат делото.

Според обвинителството тие бидејќи во периодот од 2020-та, заклучно со втори септември годинава, противзаконски вршеле откуп на старо железо, стари акумулатори и други обоени метали, кои ги оставале во импровизирани објекти и пунктови, со што довеле до настанување на диви депонии. Дополнително тие не поседувале никакава лиценца за врешење на оваа дејност.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Дали во Македонија ќе се отворат бегалски кампови?!

Лондон и Скопје преговараат за прифаќање мигранти од Велика Британија. Англиските медиуми повторно ја отворија темата дека Македонија започнала формални преговори за прифаќање на бегалци чији барања за азил во Британија биле одбиени. „Тајмс“ наведува дека земјава ќе добива финансиска поддршка за секој лице што би го прифатила, заедно со дополнителни инвестиции и програми за зајакнување на безбедносниот сектор.

Премиерот на Хрватска, лидери од Италија, Шведска, Словенија, Германија и ЕНП со силни пораки за ВМРО-ДПМНЕ

Според партиски извори, ова е најсилниот меѓународен „ветер во грб“ што ВМРО-ДПМНЕ го добила на партиски конгрес во последната деценија, сигнал дека Македонија повторно се позиционира како земја со предвидлив политички курс и европска ориентација.

To top