Бизнис

„Бехтел и Енка“ работат со полна пареа на изградба на новите патишта

Продолжуваат почнатите активности за поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани и Прилеп Битола. Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници.

Преку Јавното претпријатие за државни патишта државава во август годинава исплатилатени се 1.200.875.741 денари (19,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, 18 километри), (Гостивар-Букојчани, 30 километри) и (Прилеп-Битола, 40 километри).

Од почетокот на годинава, кон компанијата „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари, во јуни од 830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари.

Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, што го објави ЈПДП на својата веб-страница, во август годинава изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.

  • Во текот на целиот проект, треба да бидат преместени или заштитени повеќе од 300 постоечки комунални водови.  Од август 2025 година, специјализирани изведувачи назначени од страна на Работодавачот се ангажирани во фаза на проектирање за преместување и заштита на комуналните услуги, вклучувајќи водоснабдување, наводнување, канализација, телекомуникации и електрични водови со низок до среден напон. Тендерскиот процес за проектирање и изведување работи поврзани со високонапонски електрични водови сè уште е во тек, се вели во Извештајот.
Како што е наведено, продолжуваат почнатите активности за поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани и Прилеп Битола.  Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници.

Во активностите, изведувачот заклучно со јули ангажирал 2090 лица  и 1202 градежни машини.

Како што објави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски по увидот во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, на почетокот на месецов, на делниците 1 и 2 (Гостивар-Тетово и Гостивар-Букојчани) работат околу 1200 лица и вклучени се повеќе од 750 различни машини и механизација. Во наведните бројки вклучени се и подизведувачите.

  • Во моментов 60 проценти од снабдувачите и 90 проценти од подизведувачите се домашни компании, изјави Трајановски.

Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година. Се уште нема работи за третата делница Требеништа – Ќафасан (22 километри), каде треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.  Од почетокот на годинава, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од  599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари во јуни од  830.336.364 денари и во јули 1.022.217.192 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени  261 милион евра.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

To top