Тема: автопати

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

Ќе се градат автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Букојчани, а Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола од проектот со „Бехтел и Енка“.

Инвестициите во модерни автопати и железница ќе го забрзаат развојот на Македонија

Целосната изградба на Коридорот 10 е определба на Владата со цел Македонија да ја задржи стратешката позиција во Европа. Истовремено вложуваме стотици милиони во изградба на железничката и патната инфраструктура на Коридорот 8. Само така ќе спречиме државата да не стане слепо црево, а превозниците и бизнисот да избираат алтернативни коридори, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

Во изградбата на автопатите на коридор 8 и 10д во ноември лани ангажирани 2130 работници

На Делница 1, Тетово-Гостивар, достапни за работа се 13 километри од 17,5 километри, на Делница 2, Гостивар-Букојчани, достапни се 9,6 километри од 31 километар, а на Делница 4, Прилеп-Битола, достапни се 22 километри од 40 километри

„Бехтел и Енка“ работат со полна пареа на изградба на новите патишта

Продолжуваат почнатите активности за поставување столбови, темели, греди на мостови, надвозници и подвозници за делниците Тетово-Гостивар, Гостивар Букојчани и Прилеп Битола. Се работи на шест мостови, четири надвозници и три подвозници.

Сè повеќе луѓе се одлучуваат за соло патување – меѓу посакуваните дестинации и Македонија

Сè повеќе луѓе избираат да патуваат сами, а жените го предводат глобалниот тренд. Податоците од Hostelworld покажуваат дека резервациите за соло патувања се зголемиле за 42 отсто помеѓу 2015 и 2017 година, при што резервациите кај жените бележат поголем пораст – 45 прценти во споредба со 40 проценти кај мажите. Брефни Хорган, директор за производи […]

To top