Македонија

Светски Ден на Ментално Здравје

Деструктивните и негативни мисли фрлете ги во ѓубре!

На 10 октомври, на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на менталното здравје – со цел да се подигне свеста за грижата околу менталното здравје, да се увидат предизвиците и потребата за едукација околу ова прашање –и најважното да се скрши стигмата која сè уште го опкружува менталното здравје

Според податоците од Светската Здравствена Организација (СЗО), на глобално ниво, едно од седум деца на возраст до 19 години ќе пројави ментално нарушување. Истражувањата покажуваат дека три четвртини од проблемите со менталното здравје се појавуваат пред 25-тата година, асекој четврти човек се соочува со проблеми со менталното здравје во некој период од животот. Најчести нарушувања кај младите се депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето, додека хиперактивноста и нарушувањата на вниманието исто така се значајни предизвици со кои се соочуваат младите. Овие податоци укажуваат на потребата уште од најрани години да се посвети внимание на менталната добросостојба на младите.

Припадноста во група, честото споредување со другите,врсничкото насилство, сајбербулинг и притисокот од социјалните медиуми  се најчестите фактори кои влијаат врз променливата психолошка состојба кај младите. Тука се и економските и социјалните бариери кои ја отежнуваат грижата за менталното здравје и допринесуваат за потешкотии…

Ви поминуваат темни мисли, се чувствувате тажно… Зошто да не побарате помош?

Не е срамота да плачете, не е срамота да ги споделувате своите потешкотии, несигурности и стравови… Време е да се скрши стигмата дека е срамота емоциите, личните мислења, стравови, несигурности да се споделуваат, и дека за да бидете „јаки” треба задржувате некои работи во себе…или да поминат како шепот низ некој разговор  илинечујно, низ некоја тишина… Грижата за менталното здравје и оддржување на здравиот дух е процес за кој секојдневно треба да се работи и да се храни со позитивни и мотивирачки мисли. Деструктивните и темните мислите фрлете ги во ѓубре !

Справувањето со неизвесноста и животните предизвициможе да бидат исцрпувачки за секого, и затоа не е срамно да се сподели потребата за морална или психолошка поддршка. Ако чувствувате тага, лошо расположение или темни мисли– побарајте професионална помош. Или охрабрете ги вашите блиски да побараат помош. Не дозволувајте стигмата околу разговорите за менталното здравје да ве ограничи да ги почувствувате најубавите и најдлабокитечувства или да не ги искусите највеселите авантури кои животот ви ги носи. Животот е еден, и тој е само ваш- искористете го најдобро што можете.

Барањето помош е знак на храброст – тоа покажува свесност и желба да се реши некој проблем, да се надмине некоја препрека за да се продолжи напред кон нови животни искуства, авантури и победи.

Компанијата dm drogerie markt особено ја согледува сериозноста и важноста да се отвори разговорот околу грижата за менталното здравје кај сите генерации, особено кај младите девојки и момчиња.  Токму тоа dm го прави преку поткастот Женски Ритам, кампањата #СкрозЈас, Movember и како поддржувач на голем број проекти со граѓански и младински организации. Во рамки на платформата „Заедно едни за други“, dm спроведе конкурс посветен на подобрување на физичкото и менталното здравје на жената. Од пријавените иницијативи беа одбрани и реализирани шест проекти, во кои беа инвестирани над 3 милиони денари. Преку нив беа организирани бесплатни онлајн вебинари, настани, панел-дискусии и групни сесии посветени на предизвиците со кои се соочуваат жените и грижата за нивното ментално здравје.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top