Македонија

На Героски случајот ИРЛ му личи на свирка, изненаден од навредите кон него најавува одговор

Изненаден од бедните навреди од ИРЛ

На новинарот Бранко Героски случајот ИРЛ од каде за досието Кочани не објавија имиња на функционери на СДСМ, му личи на свирка. Тој е изненаден од навредите кон него и најавува одговор за утре.

Героски кој обелодени работи кои ИРЛ во својот текст за Кочани не ги објави, се чуди зошто од ИРЛ не ги коментираат неговите конкретни информации од неговата статија туку се занимаваат со нивните психички доживувања за него.

Според него бројните лаги и навреди кон него се бедни и на нив ќе одговори утре.

,,Ова со ИРЛ на крајот изгледа ќе испадне тешка свирка!

Да бидам искрен, малку ме изненади коментарот на ИРЛ, во кој Редакцијата, со многубројни лаги и навреди на моја сметка, полемизира, но не со мојата статија за телефонската комуникација на актери во кочанската трагедија, туку со своите доживувања на мојата прецизна анализа, којашто силно ги возбудила “истражувачките” новинари”, пишува Героски кој се токмел да одговори ,,на ова бедно писание”, но вчера попладне до него допреле информации за причините поради кои неговата анализа предизвикала шок и вонредна состојба во Редакцијата на ИРЛ.

,,Наводно, моите извори велат дека најмногу се вознемирил свиркачот или свиркачката на Редакцијата на ИРЛ (да не дискриминираме никого по родова основа, нели). Тој или таа, се исплашил(а) од можноста јавно да откријам кој ја доставил документацијата од истрагата до Редакцијата на ИРЛ, која “истражувачките новинари” наводно ја провериле “од два независни извора”. И на тоа, демек, потрошиле многу труд и време.
Поради тоа, одлучив одговор на нападот од ИРЛ да објавам в понеделни наутро.
Не само поради тоа. Како “обичен” новинар, нели, јас за викенди се трудам да не работам. Си се дружам со моите пријатели и пријателки олигарси, со бубачки и шумски ѕверки, бидејќи, меѓу другото, веќе сум и човек во години”, со доза на иронија пишува Героски.

,,Денеска (сабота), на пример, имав поважна работа, морав да се посветам на подготовка на мојата градина за зимската сезона. Па се мачев до доцна попладне. Можеби кај Сашка Цветковска ситуацијата е вонредна, ама кај мене е редовна. А ете, неволно, утре (недела), ќе морам да издвојам малку време за да го подготвам мојот контранапад.
Ќе барам и празнична дневница од моите пријатели олигарси…
Во меѓувреме, го молам свиркачот, или ја молам свиркачката, да се потсмири малку. Точно е дека јас знам кој е изворот на ИРЛ, но да не се секира, бидејќи јас не ги откривам ни своите, а ни туѓите доверливи извори. Е сега, малку е незгодно тоа што повеќе луѓе знаат кој е свиркачот или свиркачката на ИРЛ, но тоа не е мој проблем.
Што се однесува до мене, дечки “истражувачи”, вие слободно свиркајте си. Ионака ми се чини дека ова вашево наскоро ќе испадне една тешка свирка…
Имам порака и до некои колеги и читатели, кои во дел од коментарите на социјалните мрежи изразиле сомневања дека ги поседувам материјалите што ги обелоденив. Односно, рекле дека јас нешто сум измислил, да не речам “истражил”. Драги мои, да повторам по којзнае кој пат: јас не сум “истражувачки новинар”! Како овие од ИРЛ. И јас не се вадам на финти како “два независни извора”, на лаги и паралаги. Не барам да ми верувате на збор. Еве, нека повели кој сака – на пример, нека повелат двајца новинари заедно, може еден и од ИРЛ да биде – и јас лично ќе им го покажам на двајцата заедно материјалот што го поседувам и што го анализирав. Нема да им дадам ништо да објават, се разбира, но може слободно да ме фактчекираат за секој напишан збор во мојата анализа.
Јас навистина немам намера да ги објавувам сите комуникации што ги имам (не се многу), бидејќи и натаму тврдам дека станува збор за индиции а не за докази (овие “истражувачкиве” новинари не ја знаат разликата, изгледа не биле на тој час на обуката). И натаму тврдам дека новинарите не се овластени да водат кривични истраги за индиции, да вештачат, да глумат детективи – истраги водат истражните органи.
Значи, драга децо, сите малку да си се успокоите и да не се нервирате многу, особено не на празник.
Се читаме пак в понеделник наутро.
Пријатен викенд ви посакувам со една убава песничка (во првиот коментар е). Пејте и свиркајте си!”, пишува Героски кој ако го употреби принципот на кој ИРЛ кон него упати навреди и обвинувања јавноста ќе сведочи за интересни работи.

Што напиша преходно ИРЛ за Героски на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

За Лант е „глупаво прогласувањето на македонскиот како бугарски јазик“, а тоа пак го стори Костадинов – дали како кандидат за претседател на Бугарија?!

„Бугарските научници, кои тврдат дека концептот на македонски јазик бил непознат пред Втората светска војна, или кои продолжуваат да тврдат дека македонскиот јазик не постои, изгледаат не само нечесно, туку и смешно и глупаво! Грчките  научници, кои изнесуваат слични тврдења, покажуваат арогантно незнаење за своите словенски соседи!“ – има констатирано авторот на „Граматиката на македонскиот книжевен јазик“ американскиот славист Хорас Лант во своја научна статија во 1984 година реагирајќи на постојаните негирање на постоењето и самобитноста на македонскиот јазик. Лант е роден на денешен ден, на 12 септември 1918, а починал на 11 август 2010 година. Денешното навршување на 108-та годишнина од раѓањето на овој светски признат лингвист е повод да се осврнеме од гледна точка на неговите македонистички истражувања на политичкиот театар, кој го приреди вчера во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, лидерот на бугарската ултрадесничарска и националистичка партија „Преродба“. Како пратеник Костадинов поднесе иницијатива македонскиот јазик да биде прогласен и да биде третиран како бугарски јазик. Кажаното од Лант важи денес во иста и целосна мера и за Костадинов: нечесна е и смешна и глупава оваа негова иницијатива.

Битола ја одбележа 84-тата година од смртта на народниот херој Стив Наумов, заедно со народниот херој Мите Богоевски загинати во борба со бугарската полиција

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец, за да ги бугаризира!

„На 11 септември 2026 бугарски лекари вршеле прегледи во државна амбуланта во Пустец. Бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. На Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.“ – реагира во најостра форма Македонското друштво “Илинден“-Тирана .

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од бандитските, криминални и ненационални политики на владите на Заев и Ковачевски!

Сметките од работењата на претходните влади на Зоран Заев и Димитар Ковачевски и како тие се справуваа со кризата денес ги плаќаат граѓаните, и не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Велјановски: Талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра

Најнови вести

To top