Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

За патување во Шенген зоната за македонските граѓани од наредната година ќе важи уште едно европско правило – електронска регистрација пред патување. Системот за информации и одобрување патувања (ETIAS) е најавено дека ќе почне да се применува во текот на 2027 година, но не се знае точниот датум. Системот се однесува на државјани на земји што имаат безвизен режим со Европската Унија, меѓу кои е и Македонија. Предвиден е и надомест од 20 евра при регистрацијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година. Тоа значи дека по активирањето на системот македонските граѓани со биометриски пасоши и понатаму ќе можат да патуваат без виза за краткорочен престој, но ќе треба претходно да добијат електронско одобрение.

Системот ќе се применува за патување во 30 европски земји, меѓу кои Германија, Франција, Италија, Австрија, Грција, Хрватска, Словенија, Швајцарија и други земји од Шенген-зоната, како и Кипар. Пријавувањето ќе се врши преку официјалната интернет-страница на ETIAS или преку мобилна апликација. Патниците ќе треба да внесат лични податоци, информации од пасошот и други податоци што се бараат во пријавата.

Надоместокот ќе изнесува 20 евра, но од плаќање ќе бидат ослободени лицата помлади од 18 години, постарите од 70 години и одредени членови на семејства на државјани на ЕУ што ги исполнуваат пропишаните услови. Откако ќе биде одобрена пријавата, ETIAS ќе биде електронски поврзан со пасошот на патникот. Одобрението ќе важи најмногу три години или до истекот на важноста на пасошот, во зависност од тоа кој рок ќе настапи прв.

Доколку граѓанинот во меѓувреме извади нов пасош, ќе мора повторно да поднесе барање за ETIAS. Во периодот на важноста на одобрението ќе бидат дозволени повеќекратни патувања, со почитување на правилото за краткорочен престој од најмногу 90 дена во период од 180 дена. Но регистрацијата на системот не значи и автоматска можност за влез во една од земјите на Шенген зоната. Конечната одлука и понатаму ќе ја носат граничните службеници, кои ќе го проверуваат пасошот и исполнувањето на условите за влез.

Засега граѓаните не треба да поднесуваат никакви барања или да плаќаат за ETIAS. Системот сè уште не е активен, а Европската Унија ќе го објави точниот датум на неговото воведување неколку месеци однапред. Новите правила се дел од пошироката стратегија на ЕУ за зајакнување на контролата на надворешните граници, модернизација на миграциските процедури и подобра проверка на патниците.

Најнови вести од: Бизнис

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

(Фото): Одржана надзорна расправа во Собранието за воведувањето на администрација во „Алта банка“

„Алта банка“ АД Битола има здрава финансиска позиција, висока ликвидност и квалитетно кредитно портфолио, со нефункционални пласмани под 3%. Воведувањето администрација не е последица на проблеми во работењето на домашната банка, туку произлегува од одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер, Алта банка Белград, којашто поседуваше 95,3% од акциите. Ова беше истакнато на […]

Клиентите на „АЛТА банка“ од сега можат да користат електронско и мобилно банкарство, се отвора и експозитура во Скопје

Клиентите на Банката од денеска, 10 ноември, ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари (за две недели) за оние кои не поседуваат.

To top