Свет

Нато започна со „Непоколебливо пладне“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува својата годишна посета на земјите од Западен Балкан

Со вклучување на околу 2.000 војници од 13 сојузнички земји на НАТО, денеска се започнува дводневната воена вежба „Непоколебливо пладне“, чија главна цел е да ги провери способностите на Алијансата за одржување на нуклеарното одвраќање.

Вежбата главно ќе се одвива на воздухопловната база „Фолкел“ во Холандија и над Северното Море, но ќе опфати и други локации низ Европа, вклучително и во Белгија, Данска и Велика Британија.

„Непоколебливо пладне“ е фокусирана на обука за ракување, транспорт и контрола на тактичкото нуклеарно оружје, со акцент на протоколите, комуникацијата и координацијата меѓу сојузниците, без да вклучува реално користење на оружје.

Според генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вежбата е клучна за зачувување на „кредибилно, безбедно и ефикасно“ нуклеарно одвраќање на Алијансата.

– Исто така, испраќаме јасен сигнал до секој потенцијален противник дека можеме и ќе ги заштитиме сите сојузници од сите закани, додаде Руте.

Во рамките на вежбата ќе учествуваат 71 авион, вклучително ловци Ф-35, танкер авиони за полнење и поддршка од Военото воздухопловство на САД, како и борбени авиони од други членки на НАТО, меѓу кои Полска и Финска.

Полковник Даниел Банч, раководител на Одделот за нуклеарни операции во НАТО, истакна дека приоритет ќе биде безбедноста на копнените нуклеарни инсталации, заедно со тестирање на опремата за електронско војување, извидување и разузнавање.

– Постојат секакви закани што мора да ги земеме предвид, бидејќи овие инсталации се меѓу најбезбедните во светот и бараат максимална безбедност, изјави Банч, додавајќи дека на вежбата ќе се посвети внимание и на се поголемиот број на регистрирани дронови на воените бази на НАТО

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top