Македонија

Наспроти градоначалникот, кој го обвини за трагедијата, родителите на загинатите со последен човечки поздрав до Панчо

Семејствата со христијанска и помирлива порака, ВД градоначалникот бараше да му се суди иако Панчо беше во критична состојба

Наспроти ВД градоначалникот на Кочани Венко Крстевски кој два дена пред смртта на Панчо кој беше во критична ситуација, го обвини за трагедијата, родителите и семејствата на загинатите во Пулс со последен човечки поздрав до Панчо.

Здружението „16-ти март“, кое е формирано од дел од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во „Пулс“ во Кочани, на својата група на Фејсбук, упати емотивна порака по смртта на пејачот Владимир Блажев – Панчо, деветтиот член на групата ДНК кој го загуби животот по трагедијата.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на Владимир Блажев Панчо, Бог да Ви дава сила
Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот – Владимир Блажев, Панчо, талентиран пејач од групата ДНК, 63-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Млад човек, со сонувања, со музика и со енергија што допираше срца, сега замина предвреме, оставувајќи празнина која не може да се пополни.
Како родители кои ја почувствувавме најголемата болка од губење на нашите деца, ја знаеме бездната на тага што останува зад себе. Вашата болка е наша болка. Вашата загуба е наша загуба. Ги чувствуваме секоја солза, секој нем збор, секој празен момент што го остава оваа трагедија
Ова не е само број – ова е живот одземен, живот што носеше радост и надеж. Колку уште срца ќе бидат скршени, директно или индиректно? Колку уште семејства ќе бидат погодени од оваа ужасна трагедија? Правдата мора да се извојува! За Панчо, за секоја жртва, за секој млад живот што беше одземен, за секој родител што плаче.
Почивај во мир, Панчо Нека ти е светол патот до Царството Небесно
Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели дека засекогаш ќе останат во нашите срца А ние нема да молчиме – правдата мора да дојде!!!“”, стои во последната порака од родителите и семејствата на починатите до Панчо.

А во моментите додека Панчо се борел за живот ВД градоначалникот бараше тој да седне на обвинителна клупа како главен виновник за трагедијата.

ВД градоначалникот досега не упатил порака за смртта на Панчо

Повеќе за обвинувањето кон Панчо на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Кандидатот за претседател на Студеничани од Вреди Бислими: ДУИ ги измамуваа жителите, но јас ќе го решам проблемот со водата за пиење!

„Кандидатот на Вреди за претседател на општина Студеничани Седат Бислими преку фејсбук порача дека проблемот со водата за пиење ќе биде прв приоритет на неговото локално владеење, ако ја добие довербата на граѓаните.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“. Натаму порталот наведува: „Сите знаеме што се ветува со години во нашата општина, особено […]

СДСМ не нуди ниту проекти, ниту визија – туку се фокусира на црна кампања уште од првиот ден, рече Мицкоски

Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија.

Силјановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најлојални и најпосветени поддржувачи на европската интеграција

Претседателката Силјановска-Давкова изјави дека нашата надворешна и безбедносна политика, која, како што рече, е признаена од сите членки на ЕУ и од сите нивни институции и функционери во ЕУ, е целосно во согласност со онаа на ЕУ.

Најнови вести

To top