Македонија

Објавен идентитетот на сопругот на загинатите мајка и ќерка

,,Тој и бил последниот излез од мракот во кој што беше”

Блиски на загинатата мајка Ивана која се реши на трагичен крај за себе и својата ќерка Кате, објавуваат фотографија од сопругот и татко кој според тврдењата е причина за трагедијата.

,,Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите Институциите исто така !
За жал згаснавте два млади животи , а причината е една и има име и презиме ….
Не ја обвинувајте мајката очигледно тој и бил последниот излез од мракот во кој што беше”, пишува сосетката на семејството, Тања Спировска.

Поради ненарушување на правниот институт презумпција на невиност не можеме да ја објавиме целата порака и фотографијата на таткото која ја објавува Спировска.

Случајот ја вознемири јавноста и покрена нова лавина реакции за функционалноста на системот кога се работи за насилство врз жени.

Најнови вести од: Македонија

„Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк – бесплатен концерт под отворено небо

Традиционалниот концерт на Македонската филхармонија под отворено небо ќе се одржи на 20 јуни во Градскиот парк, со почеток во 21 часот, кога публиката ќе има можност бесплатно да ја проследи изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во изведба на здружените оркестри од Скопје, Софија и Солун

To top