Македонија

ВД градоначалникот на Кочани предизвика огромен гнев откако го обвини Панчо за трагедијата во Пулс

Еден ден пред смртта на Панчо, Крстевски го обвини дека е главен виновник за трагедијата

ВД градоначалникот на Кочани Венко Крстевски предизвика огромен гнев во јавноста откако во радио емисија на Канал 77 го обвини Панчо од ДНК за трагедијата во Пулс.

Во интервју за за Радио канал 77 Крстевски кој за ВД градоначалник на Кочани беше избран со гласови на СДСМ рече дека главниот виновник за трагедијата во Кочани е Панчо од ДНК.

Според Крстевски Панчо неправедно не бил опфатен со обвинение а тој ја запалил пиротехниката во дискотеката.

Два дена по оваа изјава Панчо денеска почина а граѓаните во коментарите уште пред смртта на членот на ДНК беа револтирани од изјавата на Крстевски.

Дел од нив велат дека сакале да гласаат за него но сега тоа нема да се случи.

Целата изјава и сите коментари на овој ЛИНК

За разлика од ВД градоначалникот роднините на жртвите достоинствено се простија од Панчо

Повеќе на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

ВМРО ДПМНЕ: Предавниците, кои тајно преговараа, денес држат лекции за патриотизам и транспарентност!

Паниката во СДСМ расте, а конфузното соопштение на СДСМ е доказ за политичката паника, за хаосот во партијата која Венко Филипче ја сведе маргините – во едно соопштение мешаат Илинден, француски предлог, наводни заговори, тепачки, измислени обвинувања итн, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски: Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија

Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија. Ние правиме план како да најдеме формула да ја намалиме или барем евтината тарифа да ја зголемиме, за разлика од најголемиот дел од земјите во Европа коишто планираат да ја зголемат цената на електричната енергија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

To top