Македонија

Нарушеното достоинство со името и со Бугарија виновни за падот на довербата во ЕУ, смета Кржаловски

Димитар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), дел од вината за падот на довербата во Европската унија во Македонија за 43,2 проценти по 2004 година, кога беше 97,2 отсто, до 54 отсто во 2025 година, според Евробарометар, ја лоцира во Брисел. Прашан во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ): „Кога станува збор за […]

Димитар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), дел од вината за падот на довербата во Европската унија во Македонија за 43,2 проценти по 2004 година, кога беше 97,2 отсто, до 54 отсто во 2025 година, според Евробарометар, ја лоцира во Брисел.

Прашан во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ): „Кога станува збор за доверба или недоверба на македонските граѓани таа е во благ пад и кон ЕУ. Според истражување на Евробарометар за 2024 година, 56 насто имале доверба во Европската Унија, а сега во 2025 има пад за 2 процента, односно 54 проценти и веруваат на ЕУ? Ова веројатно повеќе поради трнливиот пат со пречки, отколку дека е недоверба во вредностите на ЕУ?“, Кржаловски со одговор: „Јас би ги поврзал тие две работи. Инаку да, ние бевме меѓу првите во 2004 година. Тогаш беше признавањето на името од Америка. Тогаш мислам дека беше најголема довербата. 97,2% беше тогаш довербата во ЕУ и желбата да се пристапи. И од тогаш некако континуирано паѓаше што е за очекување, бидејќи нема никакво придвижување. И колку да сме ние виновни за тоа, особено нашите институции, државните органи, сите влади кои сметаа вака или така треба да се решава или не се решава тој проблем, јас дел од вината секако и припишувам и на Европската Унија, токму заради вредностите кои ги споменавте, бидејќи генерално овие работи што се случуваат, не се во согласност со европските вредности, кои патем, како Европејци си ги запишале во нивниот договор за Европската Унија. И точно навеле шест вредности, меѓу кои, првиот е човечко достоинство. Ако ова не е го нарушува нашето достоинство, и со името со Грција и ова што го бара Бугарија од нас, не знам за што тогаш зборуваме, за какви вредности? Но, очигледно е дека и Унијата е збир на земји каде примарни се интересите на државите, барем тоа го научивме сите овие години, а потоа се принципите и вредностите. Доколку можеме да се придржуваме, во ред, но, ако една земја-членка смета дека нешто треба да добие или да спречи друга кандидатка во тоа, очигледно сите се ставаат на страна за тој консензус, единство, за таа членка“.

Најнови вести од: Македонија

Закани по животот на новинарот Видиновски : „Смрт за вас!“, „Копилиња асномски!“ – МАН повикува ЈО веднаш да реагира!

Македонската асоцијација на новинари – МАН го повикува јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата кои со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани по неговиот живот, по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред Бугарската амбасада.

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата на Балканот e стратегиска потреба за стабилноста и безбедноста на Европа

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи оствари средба со претседателот на Република Естонија Алар Карис, на којашто беа потврдени пријателските односи и естонската поддршка за македонските евроинтеграции. Сиљановска-Давкова се заблагодари за активната улога на Естонија во групата „Пријатели на проширувањето“ и искажа интерес за јакнење на заемната соработка со балтичката земја и склучување договори во областите од заемен интерес.

Најнови вести

To top