Македонија

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ДУИ го прикрива срамот на Фатмир Дехари кој прави брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и сексуална злоупотреба.

Во јавноста излегоа снимки кои ја откриваат одвратна вистина за градоначалнкот на Кичево, Фатмир Дехари. Дехари малтертирал и сексуално понижувал жени на работно место.

Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето, порачува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност.

И наместо оставка од Дехари и извинување, ДУИ се обидува да го прекрие скандалот нарекувајќи ги снимките како ”фабрикувани материјали” и ”шпекулативни и монтирани снимки” во обид да ја замајува јавноста.

Ефтин обид на ДУИ, скандалот да го релативизира и претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките.

ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот“ се додава во соопштението.

„Во тие снимки се слуша како вработените жени се принудени да го бакнуваат дури и да му седнуваат во скут на Дехари. Ова недолично и некултурно однесување на Дехари не заслужува никакво оправдување.

Дали ова е нивото на кое падна ДУИ, да бранат и поддржуваат функционери кои сексуално малтертираат жени?

Дали ова е нивото, дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и  семејствата со ваквото однесување?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните на Кичево и целата македонска јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам. Ниту една жена не смее да биде третирана како објект и на ваков начин. Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и да бидат заштитени.

Дехари веднаш да си поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот.

ДУИ и жените од ДУИ да го осудат ваквото однесување.

Сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените да реагираат јасно и безкомпромисно“ се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

Муцунски: Нашето место е во ЕУ, бараме решение за блокадата од Бугарија, што нема да ги загрози националните интереси

„Во моментов веќе има низа закони во собраниска процедура, насочени кон борбата против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото и реформата на правосудството, како и други законски и подзаконски акти, поврзани со реформската агенда, чие донесување е поздравено од Европската Унија.“ – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски, како дел од делегацијата, предводена од претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, која вчера и денес престојува во работна посета на Брисел.

To top