Македонија

(Фото): Градоначалникот Рамиз Мерко прогласен за невин за скапото „ауди“ од 67.000 евра

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда за јавната набавка на луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра. Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили […]

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда за јавната набавка на луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра.

Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра.

Струшкиот градоначалник го доби ова обвинение откако се најде на американската црна листа. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го гонеше Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

„Креирање на трудови политики и законска рамка“, која се одржа во рамки на конференцијата „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“

Деца под 13 години користеле фејсбук и инстаграм, ЕК најавува построги мерки

Европската комисија соопшти дека технолошката компанија „Мета“ ги прекршила правилата на Европската унија бидејќи не успеала ефикасно да спречи деца помлади од 13 години да користат профили на Фејсбук и Инстаграм. Станува збор за прелиминарни наоди од истрага што траела речиси две години, во рамки на европските напори за посилна заштита на малолетниците на интернет.

To top