Македонија

Артан Груби од денеска е слободен граѓанин

Мерката истече, но пасошот сè уште му е одземен

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од денеска може слободно да се движи низ земјата, откако истече законскиот рок за мерката куќен притвор што му беше определена во рамки на истрагата за случајот „Државна лотарија“. Неговото движење надвор од државата, сепак, и понатаму е ограничено поради мерките поврзани со патната исправа.

Груби речиси осум месеци беше под куќен притвор, кој истече на 13 октомври 2026 година. Иако оваа мерка повеќе не е во сила, на поранешниот функционер сè уште му е привремено одземен пасошот, а важи и забраната за издавање нов документ со кој би можел да ја премине границата.

Неизвесно останува дали судот ќе го прифати барањето на неговата одбрана за враќање на пасошот. Адвокатите понудиле гаранција во недвижен имот проценет на 335.707 евра, со образложение дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот во текот на постапката.

Од Кривичниот суд претходно појаснија дека куќниот притвор истекува на 13 октомври 2026 година, бидејќи Законот за кривичната постапка предвидува дека притворот по поднесен обвинителен предлог може да трае најмногу 60 дена. Обвинителниот предлог против Груби бил поднесен на 13 август годинава.

Поранешниот вицепремиер е обвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот директор на претпријатието Перпарим Бајрами и уште неколку лица.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на средбата со шефот на Директоратот за проширување на ЕК Копман: Потребни се чекори за забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на разговорот беа оперативните и техничките аспекти на пристапниот процес, можностите за забрзување на европската интеграција и конкретните механизми за напредок во услови на политички […]

Вучиќ: Криминалци ја преземаат контролата и ја уништуваат Србија

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“, изјави дека „криминалниот клан од Врачар“ упатува закани кон успешни поединци низ Србија, првенствено бизнисмени и имотни луѓе. Тој, исто така, ја прочита содржината на две такви пораки. „Во моментов се одвива една од најгнасните кампањи видени во Србија од 1945 година наваму. Имено, ’криминалниот клан од Врачар‘, […]

Мицкоски – Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка, можности за нови инвестиции

Продлабочување на економската соработка, привлекување нови инвестиции и унапредување на партнерството меѓу Македонија и германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија биле во средиштето на вниманието на работната средба на премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на оваа германска покраина Хендрик Вуст.

(Фото): Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД

Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози.

Силјановска-Давкова: Македонија бара суштински и рамноправен дијалог со ЕУ, еднаков третман со другите земји-кандидатки

Денеска во Брисел учествував на Самитот за проширувањето на Европската Унија, во организација на „Јуроњуз“, напиша Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Република Македонија, на Фејсбук. Таа наведе дека македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки, заснован врз примена на истите правила и стандарди. Според неа, потребен е суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во којшто и двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Најнови вести

To top