Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Љ.,, товарејќи го за „злоупотреба на службената положба и овластување“,

Внатрешна контрола така ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на негова дисциплинска одговорност и отстранување – суспензија од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Најнови вести од: Хроника

To top