Македонија

Мицкоски повика масовно да се излезе на изборите в недела за гласот да не заврши кај оние што ја уништуваа Македонија

Во Скопје и секаде низ татковината не смееме да дозволиме повторно да се поделат гласовите. Не смееме да дозволиме гласот за промени да заврши кај тие што ја уништија Македонија, гласот за партии кои немаат сила да победат, кои ќе земат мал процент само за потоа да се распродаваат е глас кој ќе послужи како полтронси мост преку лкој СДСМ и ДУИ повторно ќе обидат да се вратат на власт. Ова не се обични избори, ова е избор помеѓу минатото и иднината, меѓу пропаста и обновата, рече премиерот.

Масовно да се излезе на изборите в недела, повика вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во општина Гази Баба, на кој побара поддршка за втор градоначачнички мандат за Бобан Стефановски, како и за Орце Ѓорѓиевски за прв човек на град Скопје.

  • Клучот на изборите е во излезеноста. Излезете и гласајте бидејќи само така ќе се брои вашиот глас. Победата мора да биде историски голема за да испратиме порака дека сите сме обединети околу една цел, а таа цел се вика Македонија. Само така вашиот глас ќе има реална ведност – рече Мицкоски.

Да се одбере вистинскиот избор, посочи, значи да одберете луѓе со кои заедно ќе ја градите иднината.

  • Знам дека има многу луѓе кои искрено сакаат промени, кои сакаат европска локална самоуправа во Македонија, но можеби се двоумат. Сакам искрено да им порачам. Во Скопје и секаде низ татковината не смееме да дозволиме повторно да се поделат гласовите. Не смееме да дозволиме гласот за промени да заврши кај тие што ја уништија Македонија, гласот за партии кои немаат сила да победат, кои ќе земат мал процент само за потоа да се распродаваат е глас кој ќе послужи како полтронси мост преку лкој СДСМ и ДУИ повторно ќе обидат да се вратат на власт. Ова не се обични избори, ова е избор помеѓу минатото и иднината, меѓу пропаста и обновата. Немојте да го делите гасот, не дозволувајте вашиот труд и надеж повторно да бидат злоупотребени. Овојпат Скопје мора да избере вистински, цврсто и без калкулации за Македонија што оди напред а не назад – рече Мицкоски.

Се осврна на сработеното од 42-та градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во изминатите четири години, наведувајќи дека реконструирале улици и патишта во должина од над 770 километри, во вредност од 100 милиони евра, направиле 47 километри водоводни цевководи, 91 километар каналзиација, седум пазари од затворен тип и 12 пречистителни станици. Реконстуирани се над 400 училишта а завршени или во завршна фаза се 274 спортски и детски игралишта.

  • Четири години работеа дисциплинирано, чесно, без ниту еден скандал, злоупотреба на службена положба. Убеден сум дека и во следните четири години ќе продолжат така. Вистинскиот избор за Гази Баба е Стефковски, кој успеа да постигне многу резултати и решил многу од проблемоите кои ги наследи – оцени Мицкоски, истакнувајќи ја и важноста за поддршка на Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Скопје.

Мицкоски оцени дека ова се избори кога, како што рече, триковите и измамите на нашите противници мора да бидат поразени. Исто така и дека од противниците не виделе програма, идеи или проекти, туку само гола реторика.

  • Отсуството на програма говори дека тие, всушност, и немаат сериозна намера да одиме напред, туку само гола реторика за нови измами и трикови во политиката. Јас сум во политиката за да оставам трага и создадам вредности, тие другите се во политиката за да ги полнат џебовите и поради лични привилегии. Голтари влегоа во политика, милионери излегоа. Но, и ова се избори кога триковите и измамите мораат да бидат поразени – порача Мицкоски.

Додаде дека во Скопје се гледа како на дело се случува непринципиелна коалиција, но посочи, тоа е нивна работа и со нив нема да се занимаваме.

  • Но, она коешто навистина мене ми пречи, не затоа што ми пречи и ме погодува, туку затоа што имаат отсуство на план, стратегија и визија, е тоа што решија да водат кампања со лаги. Како што беа лагите вчера искажани на прес-конференцијата на Венко Филипче. И кога го слушам претседателот на СДСМ, Венко како кажува невистини за буџетскиот дефицит, за инфлацијата, БДП, задолженоста, ми доаѓа да му кажам: во ред, држи се до медицината, затоа што очигледно, повторно, некој те носи во длабокото каде што немаш, навистина, основно познавање – потенцираше Мицкоски.

Мицкоски му порача на Филипче дека буџетскиот дефицит не е 1 милијарда и 400 милиони евра, како што тој вели, туку е повеќе од двојно помал, односно 600 милиони, додавајќи дека тоа е најмалку за два пати помал од тоа што СДСМ го остави.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Запленети дури 237 парчиња електричен алат без документација, уапсени двајца

Полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А., а сопатник А.Ш., и при преглед на возилото пронајдени се 237 парчиња нов неупотребуван разновиден рачен, батериски и електричен алат, без никаква документација.

Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, рече претседателката на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“

На свеченоста во Музејот на македонската борба за самостојност, на која присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, министри, пратеници и општественици, таа подвлече дека Свети Климент Охридски, е нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител, рече таа, е врежан во колективната меморија не само на македонскиот народ, туку и на целото словенство.

Несими: „Бугари во устав“ е политички проблем, оти Бугарија ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја, а може да уследат и нови барања!

„Вклучувањето на Бугарите во преамбулата на уставот останува политички и историски проблем, бидејќи Бугарија продолжува да ги оспорува македонскиот јазик, култура и историја. Поради оваа причина, вклучувањето на Бугарите во Уставот за дел од јавното мислење и политичкиот спектар е болно и неприфатливо, не поради бугарските граѓани во земјата, туку поради притисоците од Софија во текот на годините. Меѓутоа, историските можности не траат вечно. Тие бараат донесување тешки одлуки и политичка храброст. Ако избере С.Македонија овој пат да се колеба, тогаш ќе се изложи на опасност да ја пропушти можноста, за која никој нема да може да гарантира дека ќе се повтори некогаш.“ – наведува политичкиот аналитичар од Тетово Флоријан Несими во својата колумна со наслов „Историска можност, што не треба да се изгуби“.

Со остранувањето на билбордите, почна реконструкција на застарената Железничка станица во Скопје

Според директорот Железница Инфраструктура проектот за средување на железничката станица во Скопје ќе се одвива во фази и ќе заврши со генерално чистење на надворешниот изглед на станицата како и соодветна илуминација.

To top