Свет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан е спремен да биде домаќин на Трамп и Путин

Планираната средба (во Будимпешта) меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе ширум светот. Подготвени сме!, напиша премиерот на Унгарија откако американскиот претседател Доналд Трамп по двочасовниот телефонски разговор со рускиот претседател најави дека ќе има средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се огласи за планираната средба меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп во Будимпешта.

  • „Планираната средба меѓу американскиот и рускиот претседател е голема вест за мирољубивите луѓе ширум светот. Подготвени сме!“, напиша тој на Икс.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е постигнат значаен напредок во телефонскиот разговор со рускиот лидер Владимир Путин кој траеше безмалку 2 часа.

Од друга страна, Кремљ излезе со соопштение во кое се вели дека Путин јасно го предупредил Трамп за опасноста од можната испорака на ракети Томахавк во Украина.

Ракетите Томахавк со долг дострел се очекува да бидат тема на разговор и утре меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон.

Најнови вести од: Свет

Хаотичниот систем за влез / излез во Европа може да потрае и до две години и да ги измачува патниците!

Два месеци по лансирањето на новите биометриски гранични проверки во Европа, долгите редици и недоследните процедури продолжуваат да ги фрустрираат патниците. Функционер на Фронтекс предупредува дека проблематичниот систем за влез/излез може да потрае до две години за целосно да се стабилизира, перспектива што туристичката индустрија ја нарече „многу болна“, објави „Еуроњуз“.Фронтекс, агенцијата која помага во управувањето со надворешните граници на ЕУ, призна дека собирањето биометриски податоци е едно од главните проблеми што предизвикуваат проблеми во почетната фаза на шемата.

To top