Ракометарите на Еурофарм Пелистер претрпеа уште еден висок пораз во Европската лига, овојпат двоцифрен на гостувањето во Германија, кадешто изгубија од Гумерсбах со 38:28 во третото коло од групата Г.
Отпорот на македонскииот вицешампион во арената „Швалбе“, на чии трибини се собраа 3.177 гледачи, траеше дваесетина минути, во кои битолчани отворија со водство од 2:0 и 3:2, нешто подоцна беше 7:7 и од тој момент до крајот на средбата домаќинот само ја зголемуваше предноста, која на полувреме изнесуваше 20:15.
Капитенот Филип Кузмановски постигна 7 гола од 11 удари, Анжеј Видомски 4/6, Самоил Ристевски 4/7 итн.
На половина од прелиминарната групна фаза пелистерци имаат еден бод, а во следното коло на 17 ноември токму Гумерзбах доаѓа во Битола.