Македонија

„Развиената демократија“ Бугарија да ја испорача Михаилова, очекува Николоски

Македонскиот вицепремиер очекува источниот сосед да потврди дека го почитува владеењето на правото

Потпретседателот на македонската влада Александар Николоски очекува Бугарија, „како членка на НАТО и на Европската унија и како развиена демократија“, да ѝ ја испорача на Македонија бегалката од правадата Ива Михаилова.

„Мислам дека МНР имаше доста прецизна комуникација за овој дел. Кажаа дека таа практично избегала од Македонија, а денеска е распишана и меѓународна потерница. Беа прилично јасни дека се работи за класично бегство од правдата. Очекуваме Бугарија, како земја членка на НАТО и на Европската Унија и како развиена демократија во која се почитува владеењето на правото, да ги испорача лицата што се бараат со потерница за да се соочат со правдата“, изјави Николоски во интервју за ТВ Алфа.

Најнови вести од: Македонија

To top