Македонија

Азир Алиу е избран за нов министер за здравство 

Собранието го избра Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари, а Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Азир Алиу е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако на денешната 54. седница ги избраа пратениците во Собранието со 65 […]

Собранието го избра Азир Алиу за нов министер за здравство на местото на Арбен Таравари, а Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Азир Алиу е нов министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, откако на денешната 54. седница ги избраа пратениците во Собранието со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан.

На 12 мај, лидерот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари соопшти дека партијата оди во опозиција, а со тоа и престана неговата функција како министер за здравство. По заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од Коалицијата „Вреди“, сопартијците на Таравари, како што се Арбен Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од Коалицијата „Вреди“.

Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој и редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024, во владата на СДСМ и ДУИ.

Во биографијата на Хоџа е наведено тека тој е новинар со повеќегодишно работно искуство, а своето образование го стекнал на Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово.

  • Ниту еден сектор не ја одразува состојбата во едно општество како здравството. Д-р Алиу е доктор по информатички науки, професор, човек кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија. Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер. Време е тоа да се промени. Во овој процес, д-р Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата. Но, и силна лична одговорност. Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник“, рече премиерот Христијан Мицкоски при претставувањето на новите имиња за министри.

При претставувањето на предлогот за Хоџа, Мицкоски рече дека е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот. „Верувам дека тој ќе даде силна енергија и ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината“, рече премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Преку отворен и искрен социјален дијалог креираме одржливи и фер политики кои се од интерес за сите страни

„Креирање на трудови политики и законска рамка“, која се одржа во рамки на конференцијата „Трудови политики и колективни договори – законска рамка, примена и предизвици“

Деца под 13 години користеле фејсбук и инстаграм, ЕК најавува построги мерки

Европската комисија соопшти дека технолошката компанија „Мета“ ги прекршила правилата на Европската унија бидејќи не успеала ефикасно да спречи деца помлади од 13 години да користат профили на Фејсбук и Инстаграм. Станува збор за прелиминарни наоди од истрага што траела речиси две години, во рамки на европските напори за посилна заштита на малолетниците на интернет.

To top