Македонија

Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Денес, на првиот круг од локалните избори, правото на глас го искористи премиерот Христијан Мицкоски.

Денес, на првиот круг од локалните избори, правото на глас го искористи премиерот Христијан Мицкоски. Тој очекува изборниот процес да помине мирно, достоинствено и со историска победа на ВМРО-ДПМНЕ. Во целост неговата изјава:

Денеска е, би рекол ете, ден кога се одржува првиот круг гласање за локалните избори.

Од информациите со коишто до сега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани.

Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Народот за време на кампањата, но и изминатиов период, може да направи јасна разлика и мислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше.

Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

To top