Македонија

До 17 часот гласале 673.052 граѓани

Излезноста е 39,61% од гласачите запишани на Избирачкиот список

 

Предмалку, Државната изборна комисија соопшти дека до 17:00 часот, на два часа пред затворањето на избирачките места,  гласале 673.052 гласачи, или 39,61% од гласачите запишани на Избирачкиот список.

Податоците се базираат на обработени 3.221 избирачки места, каде право на глас имаат вкупно 1.699.296 гласачи.

Највисока излезност е забележана во Вевчани (61,84 отсто), Лозово (61,09 отсто), Крушево (60,94 отсто) и Дојран (60,91 отсто).

Додека Општина Врапчишт е општина со најмала излезност на гласачите со 20,94%

Најнови вести од: Македонија

Л.И. (27) од Црна Гора украла накит од златарница во Тетово, па била уапсена

Вчера, на 19 март 2026 во 16 часот во Тетово на ул.„Страшо Пинџур“ полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Л.И. (27) од Р. Црна Гора, по претходна пријава од А.Х. (31) од Тетово, дека од неговата продавница за златен накит во Тетово, едно женско лице, кое питачело, одзело златни предмети.

Туфегџиќ: Јавното обвинителство нема контакт со реалноста и Савески, како „свежа крв“ во правосудството, ќе наметне нов пристап во неговото дејствување!

Адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ оцени дека изборот на Ненад Савески како државен јавен обвинител претставува значајна можност за суштински промени во правосудниот систем, но изрази изненадување што изостанала јавна поддршка од институциите. Туфегџиќ јавно му даде поддршка на Савески, порачувајќи дека пред него стои сериозна задача, но и можност за вистинска преобразба на обвинителството. Тој  смета дека Савески има „огромна одговорност и историска шанса“ да поттикне позитивни движења и реални реформи, кои би ја вратиле довербата во институциите. 

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top