Македонија

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна и за нас одговорност која не смееме да ја изневериме, рече потпретседателот на партијата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места на која им се заблагодари на македонските граѓани за одзивот, решителноста, одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна.

„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Република Македонија. Им благодариме на сите граѓани, рече тој.

Муцунски им се заблагодари на македонските граѓани за одзивот, решителноста, одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна.

„Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното, на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај“, рече Муцунски.

Посочи дека информациите за извесни нерегуларности и обвинувања кои треба да фрлат дамка на изборниот процес ги гледаат како стратегија на СДСМ и нивните политички противници за барање алиби за изборниот пораз кој им следи.

„Тоа е партија со големи проблеми кои во периодот кој следи ќе бидат нивниот главен камен на сопнување. Очекувано е таа партија конечно да почне да се реформира. Но сакаме да ве увериме дека победата ќе биде чиста и јасна. И за нас одговорност која не смееме да ја изневериме“, рече тој.

Најнови вести од: Македонија

Натпревар за најдобро произведени ракии организира здружението „Ж’та – Македонски ракијари“

Тиквешијата е колевка на врвната ракија – порача Арсовски, истакнувајќи дека од година во година, расте, бројот на учесници на натпреварот, но и квалитетот на доставените мостри

Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, побара формирање на две нови општини, Голо Брдо и Гора

-Ова барање претставува сериозен чекор кон институционално признавање на реалните потреби на населението во овие подрачја и гарантирање на нивните уставно загарантирани права, вели претседателката Елена Симонофски

To top