Македонија

Хаџи Василева: Сведочењата на родителите на Ристов не се поткрепени со останатите докази

Но, повторувам, тоа се родители. Таму маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете, рече Хаџи Василева

Обвинителката Искра Хаџи Василева по денешното рочиште во судскиот процес против апелацискиот судија Ѓоко Ристов изјави дека сведочењата на неговите родители не се поткрепени со останатите материјални и други обезбедени докази.

Одговарајќи на новинарско прашање за сведочењето на родителите на Ристов, Хаџи Василева рече дека Обвинителството немало причина да ги предложи како сведоци.

– Обвинителството со овие сведоци воопшто немаше поента и токму затоа не ги предложи, одговори таа.

Според неа, родителите сведочеле за одредени настани и факти, но тие, како што посочи, не наоѓаат поткрепа во останатите материјални и други обезбедени докази.

– Но, повторувам, тоа се родители. Таму маргината на веродостојност и емоции е јасна – станува збор за родители и дете, рече Хаџи Василева.

Во однос на последниот сведок, вработен во МВР – Неготино, обвинителката оцени дека за Обвинителството е изненадување што одбраната го предложила токму него.

– Тоа е полициски службеник кој постапувал единствено како кримтехничар. Забележливо е што одбраната воопшто не ги побара да сведочат оние полициски службеници кои раководеле со претресот и кои го изготвиле она што е суштина на материјалот од тоа дејствие. Нив одбраната не ги предложи, го предложи овој сведок, рече Хаџи Василева.

Таа додаде дека сведокот објаснил сè што знаел, видел и на што бил сведок при увидот во просторијата, но оти Обвинителството не слушнало релевантен доказен капацитет со кој би се побила обвинителната теза или би се докажало нешто во прилог на одбраната.

Спротивно на оценката на Обвинителството, адвокатот Ѕвонко Давидовиќ рече дека сведочењето на кримтехничарот отвора прашања околу начинот на кој бил извршен претресот.

– Крим-техничарот кажа дека заштитна опрема не носеле, дека не се земени брисеви и траги како контролно обезбедување за контаминација на трагите. На 29.12., Ѓоко Ристов бил присутен и помагал при тогашниот претрес и оставил ДНК-траги, па нашите вештаци ќе ви објаснат зошто нема едни траги, зошто има други траги и како е вештачено, истакна Давидовиќ.

Адвокатот најави дека одбраната преку своите вештаци ќе ги образложи и наодите поврзани со преместувањето на парите.

– Имало три преместувања на парите и тоа нашиот вештак ќе го објасни, поткрепено со фотографии токму на Обвинителството, рече Давидовиќ.

Тој најави и дека финансискиот технички советник на одбраната ќе го образложи потеклото на парите и начинот на кој, како што рече, родителите на Ѓоко Ристов ги заработиле.

– Ние ги изведуваме доказите во континуитет за да можете да сфатите што се случувало и зошто е ваква ситуацијата, изјави Давидовиќ. (

Најнови вести од: Македонија

Европска недела за БЗР: Побезбедни работни места преку грижа за менталното здравје и навремено препознавање на ризиците

Унапредувањето на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), со акцент на менталното здравје и психосоцијалните ризици на работното место, културата на превенција и добрите практики на домашните компании, ги обедини сите релевантни чинители на настанот со кој беше одбележана годинешната Европска недела за безбедност и здравје при работа. Во рамките на настанот беа доделени и националните награди за добра практика во безбедноста и здравјето при работа за 2026 година.

Николоски пред германските инвеститори: Работиме на инфраструктурниот развој на државата, Германија е трговски партнер број еден на Македонија

Активно се работи на железничкото поврзување на Коридор 8, на автопатските делници на коридорите и најави изградба на нови експресни патишта.

Судијката која му ги најде закопаните 350.000 евра в ѕид на Ѓоко Ристов избрана за јавна обвинителка за гонење организиран криминал и корупција

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Таа освоила 67 гласа, а зад неа втор е Трајче Пеливанов, додека трет е Јован Цветановски.

Мицкоски: Македонија има највисок економски раст во регионот и инфлација пониска од европскиот просек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата води про-бизнис и проекономска политика, посочувајќи ги податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка како потврда за економските резултати на Македонија.

Најнови вести

To top