Македонија Хроника

Тошковски: МВР ефикасно реагираше по убиството во Штип

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека МВР ги презема сите потребни дејствија за да може да се гарантира безбедноста како на територија на Штип, така и на цела држава, говорејќи за убиството кое се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. „Сметам дека сето она што […]

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека МВР ги презема сите потребни дејствија за да може да се гарантира безбедноста како на територија на Штип, така и на цела држава, говорејќи за убиството кое се случи на 8 мај во угостителски објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

„Сметам дека сето она што треба да се презема од наша страна се презема. Сметам дека Министерството за внатрешни работи е апсолутно и ефикасно делува при откривањето на секој криминал којшто е сторен на територија на Македонија и гледам една ефикасна реакција од страна на МВР и во врска со овој конкретен кривично правен настан. Така да можам да ги охрабрам само чесните, професионални полицајци и понатаму во иднина да постапуваат во насока на обезбедување на потребниот мир на македонските граѓани, изјави Тошковски.

Тој додаде доколку полициските службеници постапуваат координирано како овој случај ќе се дадат посакуваните резултати, кои ги очекуваат сите македонски граѓани.

За убиството во Штип убиецот се соочува со доживотен затвор, ќе одговараат и 4 други турски државјани

Најнови вести од: Македонија Хроника

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top