Македонија

Јанев: Полицијата ја оправда довербата од граѓаните

Обезбеди мирен, достоинствен и транспарентен изборен процес

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев ден по одржувањето на првиот круг од локалните избори 2025 година и по успешната и безбедна дистрибуција на целиот избирачки материјал до општинските изборни комисии, констатира дека како општество покажавме зрелост, достоинство и вредности кои се препознатлив белег на стабилни и демократски држави.

-Полицијата уште еднаш ја оправда довербата што граѓаните ѝ ја даваат. Преку професионално, законито и одговорно постапување, ги потврди својата улога и мисија да биде стожер на безбедноста, чувар на јавниот ред и гарант на сигурноста на секој граѓанин. Со висок степен на интегритет, дисциплина и нулта толеранција кон какво било незаконско дејствување, полициските службеници беа присутни на секој чекор, обезбедувајќи мирен, достоинствен и транспарентен изборен процес. Секоја пријава, секој обид за нарушување на изборниот процес беше навремено откриен, темелно проверен и соодветно процесуиран. Брзата и одлучна реакција на полицијата уште еднаш потврди дека законот важи подеднакво за сите без оглед на статус, функција или политичка припадност, пишува Јанев.

Според него, она што посебно охрабрува е партнерството што заеднички го изградиле со граѓаните, партнерство засновано на доверба, транспарентност и заедничка грижа за безбедноста и демократијата.

-Токму тоа е темелот врз кој ја градиме современата, европска Македонија, држава на ред, сигурност и почитување на институциите. Искрено им се заблагодарувам на сите полициски службеници кои беа на првата линија на теренот, за нивната професионалност, посветеност и достоинствено претставување на полицијата. Благодарност и до целиот раководен кадар за координираноста, одговорноста и лидерството што го демонстрираа во текот на целиот процес. Граѓаните, полицијата и државата уште еднаш покажаа дека кога сме обединети околу вредностите на демократијата, законитоста и интегритетот Македонија оди напред, нагласува директорот на БЈБ.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top