Македонија

Божиновска: Македонија нема да остане без гас

Ќе има решение на ниво на ЕУ, секако никој нема да нè остави без гас

 

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровии, Сања Божиновска, не очекува проблем во снабдувањето со гас, откако Советот на ЕУ вчера постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси.

Со предложената регулатива се предвидува од 1 јануари 2026 година да почне постепената забрана за увоз на руски енергенси, со што од 1 јануари 2028 година би уследила целосна забрана за увозот на природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од Русија.

Божиновска изјави дека земјата троши околу 500 илјади кубни метри гас годишно, а се очекува гасоводот со Грција да биде завршен до 2027 година.

Иако интерконекторот сè уште не е оперативен, државата веќе плаќа 250 илјади евра месечно за изнајмување на капацитети за една година, обврска што ќе трае 15 години, а за овој случај се поднесени и кривични пријави, за што, во моментов, нема информации, рече Божиновска.

„Македонија троши околу 500.000 кубни метри гас, што не е голема количина. Што се однесува до втората, од 1 јануари 2027 година, веќе работиме на гасоводот со Грција, кој треба да биде завршен дотогаш. Мислам дека нема да има проблем, бидејќи ова ќе се реши на европско ниво, односно на ниво на ЕУ. Сите оние кои нема да можат да се снабдуваат ќе мора да бараат алтернативи – ќе има разговори во Брисел и ќе се најде алтернативно решение.

Ќе има решение на ниво на ЕУ, секако никој нема да нè остави без гас, ова е опција за нас, бидејќи е исто за цела Европа и за сите земји.

Воопшто не треба да нè загрижува, бидејќи сме многу мали во однос на количината што ја трошат другите“, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: во античкиот град кај Исар–Марвинци пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за развојот, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град.

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top