Македонија

Вработените во „Комуналец“ го викнаа директорот Рустеми на состанок да го прашаат зошто нема плата, ама тој не се појави

СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со ССМ, ја информираат јавноста дека Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одржал состанок на кој се дискутирало за состојбата во претпријатието

СУТКОЗ, единствениот репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со ССМ, ја информираат јавноста дека Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје одржал состанок на кој се дискутирало за состојбата во претпријатието. На состанокот биле поканети директорот на претпријатието, Сабахадин Рустеми, и Управниот одбор, но тие не присуствувале.

Од синдикатот истакнуваат дека платите на вработените со месеци се исплаќаат со задоцнување, иако, според нивните информации, на сметката на претпријатието редовно се префрлаат средства од наплатените сметки на граѓаните.

„И покрај доцнењето со исплатата на платата за месец септември, вработените совесно ги извршуваат своите обврски со ограничените ресурси што ги имаат. Недостигаат камиони за собирање смет, а дел од постојните не се во возна состојба поради недостиг на резервни делови“, велат од СУТКОЗ.

Од синдикатот нагласуваат дека одговорноста за оваа состојба не е кај вработените, туку кај раководството на претпријатието, кое не презема мерки за решавање на проблемите.

„Вработените и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање согласно законите и колективните договори – од поднесување кривични пријави до известување на Државниот инспекторат за труд. Притоа, ќе водиме сметка да не се доведе во прашање положбата или здравјето на ниту еден вработен, ниту здравјето на граѓаните на Скопје“, порачуваат од синдикатот.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Македонските државјани кои се во Мексико итно да ја напуштат државата поради немирите

Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

Повторно лажна паника – Аларм за дојави на бомби во училиштата

Лажната дојава за бомба е пријавена во 10 училишта во Тетово – четири средни и шест основни – поради што наставата не се одржа во ниту едно училиште во градот. Во меѓувреме, Секторот за образование во Тетово бара одговорност од надлежните органи за испраќањето на овие дојави и за безбедноста на учениците.

Законот за пушење: Терасите на локалите да бидат отворени од две, наместо од три страни

По денешната средба во Владата помеѓу владини претставници и луѓе од Туристичко-угостителската комора, договорено е терасите, односно летните бавчи на рестораните и кафе-баровите да мора да бидат отворени само од две страни, наместо првично предложените три страни, велат од секторот.

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи

Преку Фондот за градски експерименти и процесот на зелена и дигитална трансформација, Кавадарци ќе прави чекор напред кон претворање на винскиот отпад во нови производи, развој на циркуларна економија и градење современа еко-туристичка понуда која ги поврзува винариите, културните знаменитости и локалните стопанства.

Нови можности за локалниот бизнис – Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Скопје

Преку проекти за унапредување на локалната бизнис клима, Општината активно работи на подобрување на инфраструктурата, модернизација на административните услуги и директна поддршка на малите и средни претпријатија. Целта е да се унапредат условите за поефикасно водење бизнис, зголемена конкурентност и привлекување на нови инвестиции, кои ќе резултираат со нови работни места и одржлива локална економија.

To top