Македонија

(Видео): Стаорци големи колку мачки снимени во Центар кај натрупаното ѓубре

Поради близината до владината зграда, постои сомнеж дека стаорците преку подземните канали и коридори можеби имаат пристап и до нејзините подруми. Овој вознемирувачки случај следи по инцидентот во населбата Капиштец, каде десетгодишно дете беше каснато од глушец на детско игралиште.

Сè почести сцени на стаорци и глувци низ улиците на Скопје ја потврдуваат алармантната состојба со хигиената во главниот град, кој веќе со недели е затрупан со ѓубре поради нефункционалните комунални служби.

На снимка што ја објави „Слободен печат“, се гледаат големи стаорци како излегуваат од дупки на тротоарот покрај кејот на Вардар, во непосредна близина на зградата на Владата. Според граѓаните што ја испратиле снимката, глодарите се големи колку мачки и слободно се движат меѓу минувачите.

Поради близината до владината зграда, постои сомнеж дека стаорците преку подземните канали и коридори можеби имаат пристап и до нејзините подруми. Овој вознемирувачки случај следи по инцидентот во населбата Капиштец, каде десетгодишно дете беше каснато од глушец на детско игралиште.

Инфектологот и поранешен советник во Град Скопје, д-р Никола Пановски, веќе предупреди дека огромните количини отпад на улиците може да доведат до вистинска наезда од стаорци, со сериозни последици по јавното здравје,

Додека надлежните институции меѓусебно ја префрлаат одговорноста, граѓаните стравуваат дека доколку не се преземат итни мерки за чистење и дератизација, Скопје би можело да се соочи со епидемиолошка закана.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top