Свет

За една година илјадници го променија полот

Најголем број барања поднесени веднаш по 1 ноември 2024 кга стапи во сила на законот кој овозможи промена на полот и идентитетот во Германија

Илјадници луѓе во Германија го промениле својот пол и идентитет во текот на една година откако на сила е таканаречениот закон за самоопределување, пишуваат германските медиуми.

Според Католичката новинска агенција (KNA) врз основа на сопствено истражување, само во Берлин, над 2.500 луѓе го променија полот и идентитет врз основа на законот донесен од владата на социјалдемократите, зелените и либералите, а кој стапи на сила на 1 ноември минатата година.

Според KNA се чини дека релативно голем број барања, околу илјада, се поднесени и во Лајпциг и околу 700 во Келн. Во другите поголеми градови, бројот на барања за промена на полот и идентитетот е исто така троцифрен.

Според информациите од градовите, кои се единствените што водат статистика за овие промени, најголемиот број барања е поднесен веднаш по стапувањето во сила на законот минатата година.

Според новиот закон за самоопределување, лице кое сака да внесе промена на полот во официјалните документи може да поднесе едноставно барање до надлежниот регистратор со кое бара промена на полот.
Дозволени се следниве полови: машки, женски, разни, а исто така е можно да се изостави дефиницијата за пол.

До стапувањето на законот во сила, за внесување на промена на полот во документите беа потребни две психијатриски експертски мислења и судска одлука со која се одобрува промената на идентитетот.

Тогашната опозициска Христијанско-демократска унија CDU/CSU го критикуваше воведувањето на законот, а по преземањето на власта, коалицискиот договор меѓу Унијата и социјалдемократите најави преиспитување на овој закон „најдоцна до крајот на 2026 година“.

Овој закон привлече и меѓународно внимание откако неонацистот Свен Либих официјално го смени својот пол во пресрет на одењето во затвор за да ја отслужи казната во женскиот оддел на затворот.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top