Македонија

Колемишевски: СДСМ ја копаше сопствената јама во која пропадна

Една поговорка вели дека не е слеп оној што не гледа, туку слеп е оној што не сака да види…Бродот потонал, но важно е што е спасено едно весло, така сликовито објаснуваат од СДСМ

На неа се потсетив слушајќи ги (и гледајќи ги) двете водечки дами на Социјалдемократскиот сојуз по првиот круг на локалните избори. Ако одлика на еден политичар е способноста поразот да го прикаже како победа, женскиот пар Фанија Каранфиловска Пановска и Ана Чупеска низ разни реторички трикови ги убедуваше гледачите дека нивната партија не доживеала неуспех, иако фактичката состојба на теренот покажуваше изборен дебакл, пишува Панде Колемишевски за НОВА МАКЕДОНИЈА.

И без да се прави детална анализа и без да се зацапува во лавиринтите на сложената статистика, резултатите од гласањето се сосема јасни – СДСМ продолжува да паѓа затоа што нема близок контакт со реалноста, како што покажаа и настапите на естетски допадливите лидерки. Настапот на раководниот двоец го покажа партиското слепило.

Дури и да се има намера да се намали значењето на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ, обидите на социјалдемократите преку статистички споредби да се прикажат како мали губитници се одбиваат од ѕидот на вистината. Раководството на партијата неколкупати го добило тој бумеранг по својата глава, но тоа не придонело да се извлечат соодветни поуки. Бродот потонал, но важно е што е спасено едно весло. Така сликовито објаснуваат од СДСМ.
Иако изборите се локални, поразот на СДСМ е државотворен, стратешки, со долгорочни последици. Не само во поединечни општини, градови, села и улици туку просторно на територијата на целата држава е доживеан крах. Крах што се изразува низ бројки, низ политички позиции, низ државотворни политики, низ идеолошки и програмски определби. Домашни и меѓународни. Крах што покажува дека на Социјалдемократскиот сојуз не ќе може веќе да се смета како на сериозна опозиција, туку како на политички нерелевантен отпадок, рамен на фрлено, згазено догорче од скапа цигара“ оценува  Колемишевски..

(…)

СДСМ не е поразен само од народот, од гласачите и од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е поразен од самиот себе. Социјалдемократите загубија од своето разочарано, разбркано, потценето, разнебитено и во многу случаи излажано членство, сегашно и некогашно.

Во таа смисла не е целно прашање статистичката бројка колку лица гласале за СДСМ, клучното прашање е колку од нив не гласале, а при секое поранешно гласање го пополнувале ливчето со нивниот партиски амблем. И зошто веќе неколкупати својот глас не го даваат за партијата со која израснале, со која политички се идентификувале и за која се надевале дека ќе ја води земјата по патот на напредокот.

Многубројното поранешно членство, многубројните симпатизери и политички приврзаници од година на година се разочарани и депримирани сведоци на долгото изумирање на партијата. Уште од времето на Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, низ меѓусебни братоубиствени војни, елиминирани се речиси сите „изворни“ партиски кадри, напуштени се елементарните основачки програмски цели, збришани се сите национални идеали и херои, вклучувајќи ги и достигнувањата на Народноослободителната борба и на успешните македонски години потоа.
На тоа се накалемија Шарената и доаѓањето на Заев на чело на македонската влада. Знаејќи го и сегашниот изборен резултат, слободно може да се рече дека владите што ги предводеа итриот Заев и наивниот Ковачевски ја убија конечно сопствената партија. Со одлуките што ги носеше, со актите што ги изгласуваше, со кадрите што ги избираше, СДС си ја копаше сопствената јама во која еден ден мораше да пропадне. И пропадна, не еднаш туку двапати во една година, овој пат уште посилно од првиот.

Не се покажаа ништо подобро нивните челни луѓе на наводно обновената, реконструирана, опаметена партија по поразот на собраниските избори минатата година. Наместо нагоре, партијата ги газеше скалилата што водеа сѐ подолу и подолу. Изборот за инсталажа на Венко Филипче на лидерската позиција формално не е лош, но ќе беше добар ако беше привремен и успешен.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top