Македонија

Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“ во Скопје

Треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето

Почнаа работите на првата делница од проектот „Градски воз“, Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, и треба да биде готова за шест месеци, односно на неа да почне да се сообраќа од почетокот на следното лето. Делови од брзата пруга што треба да почне да се гради, пак, би се користеле во 2028 година, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Идејата на проектот „Градски воз” е постојаната железничка инфраструктура да се реконструира, да се реновира, да се крене на едно друго ниво и да се користи за градски сообраќај. Во Скопје има развиен систем скоро како детелина. Веќе на првата делница, која што оди Зелениково – Драчево – Лисиче – Кисела Вода – Аеродром – Нова железничка, почна да се работи овие денови. Следната година ќе ги работиме другите две лини, за да ја донесеме во инфраструктурна состојба, таа да може да се користи интензивно и често и после тоа да се воспостави еден редовен сообраќај. Првата линија ќе биде готова за шест месеци, што значи дека некаде следното лето на првата линија ќе функционира градскиот воз, рече Николоски, во денешното гостување во Радио Лидер.

Како што соопшти Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски информирал и дека се преговара со Европската банка за обнова и развој за набавка најпрвин на нови локомотиви, а потоа и на нови вагони.

– Во однос на брзата пруга истакна дека е започнато да се изготвуваат физибилити студиите, градежните работи на терен да започнат следната година и да биде завршена за пет години, со тоа што делови од брзата пруга би се користеле во 2028 година, се вели во соопштението.

Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство завчера на средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ посебен фокус  во разговорите ставил на изградба на брзата пруга како проект од национално и регионално значење што се реализира со огромна поддршка на Обединетото Кралство преку финансиска поддршка како и пренесување на експертско знаење и практики.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top