Македонија

Лабудовиќ: Дали Герасимовски потпишал за десетици нови градби во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ,  го обвини актуелниот за брутална бетонизација на Центар

„Жалам што Герасимовски не e овде во студиото, би сакал да го прашам дали е точно
дека веќе подготвил нови 80 дозволи за градба на кои ставил свој потпис“, изјави Мирослав Лабудовиќ во синоќешното гостување на „Телма“

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ,  го обвини актуелниот за брутална бетонизација на Центар и дека таа бетонизација продолжува со несмалено темпо.

„Кога јас ќе станам градоначалник – правилата за градба, ќе мора да се почитуваат од почеток до крај – од изработката на проектната документација, особено во текот на градбата – дали инвеститорот го почитува проектот, без да отстапува милиметар од тоа што е запишано“, нагласи Лабудовиќ.

Истовремено, најави жестока битка за секој сантиметар јавен простор во интерес на граѓаните и јавно се
обврза дека ќе инсистира на минималните 20 отсто зеленило околу објектот за секоја нова градба“.

Лабудовиќ најави задолжителна ревизија на сите урбанистички планови и изработка на нови во интерес само на граѓаните и со нивно вклучување во изработката.

Најнови вести од: Македонија

Петкоска: 32 милиони и 260 илјади денари повеќе во Буџетот за 2026 година за промоција и поддршка на туризмот и културата

Буџетот е крвната слика на државата, стратешки документ во кој се насликани приоритетите на граѓаните. Сите знаеме дека закрепнувањето на економијата е најважната работа која влијае врз животниот стандард, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска на денешната собраниска седница на која се дискутира за Предлог-буџетот за 2026 година.

Шабан Салиу од судница: Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа не можеше да го предвиди ова обвинение

На денешното рочиште во Основниот суд Кочани, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу (52), кој ја водеше институцијата од 2008 до 2017 година, го отфрли обвинението во случајот „Пулс“ – судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, во кој загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС како расипана плоча, едно те исто секој ден, мигранти во Македонија нема да има

ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.

To top