Македонија

(Фото): Почна новогодишното украсување на центарот на Скопје

Новогодишна елка од девет метри ќе го краси и плочникот кај  „Агромеханика“. Таму ќе има и метална конструкција со вештачко зеленило, ЛЕД-светилки и светлечки фигури.

Општина Центар почна со украсувањето за новогодишните и за божикните празници. Празничното украсување  се реализира на повеќе локации, со фокус на скверовите „Јадран“ и „Капиштец“ и на улиците  „Боемска 1“, „Боемска 2“ и „Орце Николов“, каде што се очекува поголема фреквенција на граѓани и на туристи.

Од Општина Центар информираат дека на скверот „Јадран“ е планирано поставување на импресивна новогодишна елка со висина од најмалку девет метри, опремена со ЛЕД-осветлување и светлосни фигури, како и мрежи со светилки и светлосни конструкции покрај скверот, пренесе Вечер.

– Просторот ќе биде украсен со висококвалитетни светлосни елементи за да се создаде топла и свечена атмосфера – потенцираат од локалната  самоуправа.

На улиците „Боемска 1“ и „Боемска 2“ ќе бидат поставени осветлена елка, исто така во висина од девет метри, мрежи и специјално осветлување во облик на ѕвездено небо, кои ќе го збогатат прославувањето. На бандерите ќе бидат поставени декоративни светлосни фигури, кои ќе внесат дополнителен празничен дух. 

Покрај улицата „Орце Николов“, пак, ќе биде поставено ѕвездено небо, кое ќе ја претвори во магично, новогодишно шеталиште.

Скверот пред општинската зграда ќе биде украсен со мрежи со ЛЕД- светилки на дрвјата, светлосни фигури и со ЛЕД-мрежи, кои ќе го направат просторот особено привлечен за семејствата и за посетителите.

На улицата „Народен фронт“ ќе бидат поставени светлосен портал и светлосни  фигури во форма на топки, како и дополнителни декоративни елементи покрај улицата. 

Скверот „Капиштец“ ќе биде украсен со светлосна фигура, светлосни мрежи и со метални конструкции со ЛЕД-осветлување.

Паркот „Капиштец“ ќе биде декориран со светлосни мрежи и ЛЕД- светилки, како и со светлосни фигури. 

Столбна елка, светлосни фигури во форма на цветови и мрежи со светилки ќе го облагородат фреквентниот простор кај кружниот тек на улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“ и „Наум Наумовски-Борче“.

Новогодишна елка од девет метри ќе го краси и плочникот кај  „Агромеханика“. Таму ќе има и метална конструкција со вештачко зеленило, ЛЕД-светилки и светлечки фигури.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

„Н.М“: Европската цел не значи дека секоја понуда од ЕУ е автоматски добра за Македонија, сѐ треба да се одмери колку им одговара на македонските интереси!

„Не е прашање дали Македонија ќе биде во Европа, туку колкава цена ќе треба да плати, под кои услови и со колкаво право да одлучува за сопствената иднина.“ = се нагласува во анализата со наслов „ЕУ-интеграцијата не е линеарен пат од кандидат до полноправна членка“, која е објавена во дневниот весник „Нова Македонија“.

To top