Македонија

ФУЕН едногласно усвои резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден”-Тирана

МД “Илинден” десет години е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на Конгреси на кои поднесува Резолуции за полжбата и правата на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН),  на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво „Илинден”-Тирана.

-ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него на Конгресот учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

-Конгресот се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН, посочи Ѓурѓај.

Конгрес, се одржува во Болзано, Јужен Тирол, Италија, почна вчера се завршува во недела.

МД “Илинден” десет години е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на Конгреси на кои поднесува Резолуции за полжбата и правата на македонското малцинство во Албанија.

 

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top