Македонија

Билјана Ивановска: Граѓаните на Центар сами да ги направат промените во вториот круг

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од платформата „Независни заедно“, на прес-конференција, изјави дека нема да повикува граѓаните да гласаат за одреден кандидат во вториот круг од локалните избори

Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од платформата „Независни заедно“, на прес-конференција, изјави дека нема да повикува граѓаните да гласаат за одреден кандидат во вториот круг од локалните избори, бидејќи верува дека секој граѓанин е свесен, има право на глас и носи одговорност за својата одлука. Ивановска, која во првиот круг освои 4.465 гласови, истакна дека голем број жители на Центар ги препознале вредностите на нејзината кампања, иако таа не била поддржана со интензивни промотивни активности. „Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот… Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките“, рече Ивановска заедно со новоизбраните советници од граѓанските иницијативи обединети под платформата „Независни заедно“.

Ивановска нагласи дека е охрабрувачки фактот што во Општина Центар постои критична маса граѓани кои не размислуваат според партиски шеми и се свесни дека промените зависат од нивното активно учество. Таа истакна неколку клучни приоритети за општината, вклучително и потребата од ревизија, измена и дополнување на Деталните урбанистички планови (ДУП-ови) кои не се во согласност со Генералниот урбанистички план (ГУП). Според неа, не треба да се издаваат дозволи за градба врз основа на ДУП-ови чии параметри, како густината на население, ги надминуваат оние предвидени во ГУП. Таа, исто така, побара сите издадени дозволи за градба да бидат јавно објавени на мапа изработена од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, која содржи податоци за над 150 градби во општината. Оваа мапа, според Ивановска, ќе биде ставена на располагање на Општината, која ќе треба да ја одржува. „Ние направивме мапа и во моментот има над 150 градби во општина Центар“, посочи таа.

Носителката на советничката листа на Град Скопје од „Независни заедно“, Јана Белчева-Андреевска, објави дека платформата планира да продолжи со собирање потписи за да се регистрира како граѓанско-политичко здружение. Таа ги истакна предизвиците со кои се соочиле независните кандидати за време на изборниот процес, вклучително нееднакви услови, административни пречки во последен момент, демонизација на противниците и намалување на демократските стандарди. „Поради нееднаквите услови со кои се сочивме во текот на изборниот процес, поради сите сопки и препреки во последен момент кои што се изнајдоа за учество на граѓаните активно да бидат чинители и креатори на политиката и да учествуваат како независни кандидати и независни листи, поради сета демонизација на противници и поради намалување на демократијата во државата, ние одлучуваме понатаму да продолжиме со собирање на потписи и со регистрирање на граѓанско-политичката платформа ‘Независни заедно’“, изјави Белчева-Андреевска. Таа ги повика сите независни групи низ земјата да се приклучат кон оваа иницијатива. Ивановска додаде дека советниците од „Независни заедно“ ќе работат конструктивно и ќе поддржуваат проекти во интерес на граѓаните, но ќе бидат и гласни критичари на сите сомнителни одлуки.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

(Фото): Како ќе изгледа и кога ќе биде готова Универзална сала?!

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

Најнови вести

To top