Регион

Македонец e осомничен за силување на Британка во хотел во Дубровник

Пуштен од притвор, но останува осомничен

Македонец од Ѓорче Петров е осомничен за силување на Британка во Дубровник. Настанот, според тамошните власти се случил во хотел островот Коложеп (Каламота). Станува збор за Н.Н. 37-годишен маж, кој претходно работел угостителство во Македонија.

Според „Дубровачки дневник“, Македонецот барал, но Жупанискиот суд во Дубровник ја одбил жалбата на 37-годишен државјанин на Македонија од Скопје, за да излезе од притвор. Со тоа, осомничениот останува во истражен притвор до завршување на постапката, пренесуваат тамошните медиуми.

Според информациите од портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, судијата за истраги му одредил ваква мерка бидејќи оценил дека постојат основано сомнение и релевантни докази дека осомничениот го сторил делото за кое се товари.

Одбраната на осомничениот, кој е вработен во хотелот каде што се случил настанот, поднела жалба, наведувајќи дека нема опасност од бегство бидејќи тој е професионално и семејно поврзан со Хрватска, каде живее со сопругата и децата, а има и договор за работа за 2026 година.

 

Сепак, Судот веќе оцени дека жалбата е неоснована, потврдувајќи го решението за притвор. Во образложението се наведува дека постојат доволно елементи кои укажуваат на сериозно основано сомнение дека 37-годишниот Македонец го извршил делото, како и реална опасност тој да побегне или да влијае врз сведоци ако биде пуштен на слобода.

Најнови вести од: Регион

To top