Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е на дното од бунарот

Од Коалицијата велат дека во секој агол на земјава се забележува еуфоријата кај граѓаните дека ДУИ дојде до својот крај

 

Коалицијата ВРЕДИ, преку соопштение за медиумите, вели дека во секој агол на земјава се забележува еуфоријата кај граѓаните дека ДУИ дојде до својот крај.

Според ВЛЕН, тие се новиот дух на промените, додавајќи дека се најдобриот пример за албанската политика.

„Во секој агол од земјата, во секој локал, во секоја населба, се чувствува еуфоријата кај граѓаните дека ерата на ДУИ конечно завршува.

По повеќе од 20 години лошо владеење, измама и ароганција, Албанците се разбудија и бараат вистински промени.

Од Коалицијата велат дека ВРЕДИ служи како најдобар пример за модерна албанска политика без притисок, без уцени, без закани. Комуницираме со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми и работиме за секое населено место, за секое семејство. Блиску сме до народот, а не сме заклучени во канцеларии и бункери на моќ.

Од друга страна, ДУИ е на дното на бунарот.

„Секој ден се открива нивниот срамен договор со Левица, соработка што го предава интересот на Албанците за лична моќ. Ова јасно се виде на 19 октомври, кога граѓаните им ја изрекоа првата казна. Но, последниот удар ќе дојде на 2 ноември, во Тетово, Дебар, Долнени, Брвеница и насекаде каде што Албанците одлучија да го затворат поглавјето на ДУИ.

ВРЕДИ не ги навредува Албанците, не ги нарекува „кучиња“ и „газиместан“ како Али Ахмети, туку ги почитува“  со достоинствено претставување и секојдневна работа.

Веруваме во достоинство, единство и политика што му служи на граѓанинот, а не на личниот џеб. ВРЕДИ е новиот дух, силата на промените и печатот дека Албанците ќе имаат чист, силен и искрен глас на секое ниво на власт.

На 2 ноември, сите заедно да го затвориме старото поглавје и да ја започнеме новата ера на Албанците со ВРЕДИ “, порачуваат од Коалицијата.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни повеќе од седум милиони евра

Во Општина Струмица преку Министерството за транспорт во тек е реализација на инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов.

Албанскиот национален симбол – двоглавиот орел повторно поставен на Кораб, македонското знаме отстрането!

Двоглавиот албански орел повторно е поставен на врвот Кораб, додека македонското знаме, кое во меѓувреме било поставено на локацијата, е отстрането, објави порталот на албански јазик „Коха“. Порталот објави и снимки од локацијата, наведувајќи дека симболот бил вратен откако пред неколку дена бил отстранет.

ВМРО ДПМНЕ: ЈО да ги провери наводите на Филипче за криминал од 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите, потпишан од Славјанка Петровска!

„Венко Филипче се огласи со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска. Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во својата реакција.

Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ од 3.10.1943 – еден од најважните документи во македонската национална и политичка историја

„Македонски народе! Македонци и Македонки! Браќа и сестри на нашата поробена, ама никога непокорена татковина! Нашата млада војска, под славното знаме на Крушовската република, победоносно чекори и смело гази на кај исполнуењето на својата голема идеја – ослободуењето на Македонија. “  – стои во Манифестот на АСНОМ на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, кој му е упатен на македонскиот народ на денешен ден, на 3 октомври 1943 од борбените позиции кај селото Црвена Вода на Караорман планина, во историската Дебрца. Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 3 октомври 1943 година е првиот стратешки и програмски документ упатен директно до македонскиот народ во текот на Втората светска војна. По своето историско значење, тој се смета за рамноправен со Крушевскиот манифест од 1903 година, бидејќи ја постави цврстата платформа за идната македонска државност.

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Најнови вести

To top