Македонија

Сплотени за историска победа во Скопје

Во срцето на Општина Чаир, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изрази длабока благодарност кон коалицискиот партнер Вреди и ја пофали „огромната поддршка и заедничката енергија“ што ја влеваат во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи ја силата на соработката што ја сплотува коалицијата.

facebook.com/1OrceGj

Во срцето на Општина Чаир, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изрази длабока благодарност кон коалицискиот партнер Вреди и ја пофали „огромната поддршка и заедничката енергија“ што ја влеваат во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи ја силата на соработката што ја сплотува коалицијата.

Настанот, организиран на покана на градоначалникот Изет Меџити, се претвори во вистински празник на единството. Ѓорѓиевски опиша како токму во Чаир се родила онаа сплотеност и мотивација што ветува „историска победа“.

– Масовноста и енергијата што ја почувствувавме вечерва овде се најдобриот доказ дека победата ќе биде историска! Од срце ви благодарам! Градот Скопје нема да ве заборави, напротив, ќе биде вистински партнер на Чаир и на сите негови граѓани – изјави Ѓорѓиевски.

Со визија полна со конкретни ветувања, тој најави проекти што ќе го преобразат Чаир во симбол на развој и благосостојба.

– Ќе го прошириме булеварот Цветан Димов, ќе изградиме катна гаража кај „Чаирчанка“, ќе вложиме во чист и зелен град, во нови површини за одмор и рекреација, и во многу други проекти кои ќе значат подостоинствен живот за секој чаирчанец – порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, Ѓорѓиевски ја истакна својата филозофија за Скопје како град без граници и поделби, каде што секој граѓанин ќе чувствува еднаквост и можност.

– Кај мене, почитувани, нема поделби ниту по етничка, ниту по верска, ниту по која било друга основа. Ви го давам мојот збор – градот Скопје ќе има рамномерен развој и еднаков пристап за сите. Заедно чекориме кон голема победа – порача тој.

Најнови вести од: Македонија

ДС со апел: Владата да не подлегнува на притисоци, уцени и радикални барања

Особено загрижувачки е фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните земји, Косово и Албанија, што претставува неприфатлив обид за вршење надворешно влијание врз внатрешно-политичките и институционалните работи на Република Македонија

МВР апелира: Навремено подигнувајте ги готовите лични документи

Процесот на издавање лични документи во управните служби на Министерството за внатрешни работи е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термини за фотографирање, минимално време на чекање пред шалтерите и експресно изготвување на документите во законскиот рок, а честопати и порано.

Мемов: Дали бизнисот на Филипче во Бугарија е причина за инсистирањето на уставни измени?

Дали бизнис интересите што ги има заедно со семејството Заеви се причината за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат, праша портпаролот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов.

To top