Македонија

„Тетова сот“: Вечерва во центарот на Тетово меѓу згради е пронајдено беживотното тело на Д.С. (24) студентка од Ѓаковица, Косово

„Граѓани, кои се претставуваат дека се сведоци, тврдат дека, наводно, девојката се фрлила од зграда. За ова засега нема потврда. Според други, исто така, неофицијални информации од жители од овој реон на Тетово, девојката веќе имала неколку претходни обиди за самоубиство и била во контакт со едно лице, за кое полицијата спроведува истраги преку следење телефонски податоци. Станари, кои живеат во околните згради во Тетово, изјавиле дека вечерва слушнале вознемирувачки звуци, но никој не можел да претпостави што се случува навистина.“ – објавија „Тетова сот“ и други медиуми.

„Вечерва околу 18 часот и 30 минути во Тетово е пронајдено беживотното тело на 24-годишната Д.С. од Ѓаковица, од Косово, меѓу зградите кај Центарот за социјални работи, спроти Зелениот пазар, во центарот на градот. Неофицијално таа студирала во Тетово. Според првичните информации, телото без знаци на живот го открил случаен минувач.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Порталот натаму пишува: Сознанијата за идентитетот на починатата девојка се добиени од жители на Тетово. Веднаш по пријавата на за откривањето на беживотното тело на местото на настанот пристигнале полициски екипи и претставници на Јавното обвинителство, кои спроведуваат истраги за разјаснување на причините и околностите на смртта. Телото на починатата е испратено на обдукција. Надлежните органи сѐ уште немаат објавено дополнителни детали во врска со целосниот идентитет на девојката, ниту за можните причини за нејзината смрт. Тетовската полиција најави дека ќе бидат објавени подетални информации по завршувањето на првичните истраги. 


Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top