Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, во гостување на 4ТВ изјави дека е отворен за повторна истрага на случајот со модуларната болница.
Тој ова го поврза со предлогот на неговата партија за антикорупциска легислатива и соработка со Европското јавно обвинителство.
„Нека повторно се истражи случајот со модуларната болница, во соработка со Европското јавно обвинителство“, рече Филипче, додавајќи дека е уверен во начинот на кој ја вршел својата работа и ги носел одлуките.
Неговата изјава дојде како одговор на прашањето дали, гледајќи од денешна перспектива, смета дека тогашниот премиер Зоран Заев требало да ја прифати неговата оставка по трагедијата.