Македонија

ВМРО-БНД негодува што договорот за тунелот со Македонија е потпишан на англиски

Од партијата го прашуваат министерот Караџов зошто потпишал договор на англиски со луѓе што разбирале и зборувале бугарски

Партијата ВМРО-Бугарско национално движење му испрати писмо на министерот за транспорт и информации Гроздан Караџов, во кое го прашува зошто со својот македонски колега Александар Николоски вчера во Ѓуешево потпишале договор за изградна на железничкиот тунел под Деве Баир на англиски јазик.

„Со недоумица открив дека Договорот за изградба на железничкиот тунел под Деве Баир по должината на Коридорот бр. 8 со владата на Република Северна Македонија е потпишан и на англиски јазик, при што англиската копија е водечкиот документ. Се прашувам, господине министре, кога потпишувате договор за финансирање на градилиште, на пример во Бургаската област, дали го потпишувате и на англиски јазик?

Сите документи од Институтот за бугарски јазик на Бугарската академија на науките, како и од сите водечки универзитети во земјата и странство се категорични дека јазичната норма на која луѓето зборуваат и пишуваат во РСМ е дијалектна форма на бугарскиот јазик. Затоа, категорично не разбирам, особено со оглед на фактот дека официјалната бугарска позиција не се разликува од научната, зошто вие, како бугарски министер, потпишувате договор на англиски јазик со луѓе кои го разбираат и зборуваат нашиот јазик? Не бевте ли дел од политичка формација која ја собори бугарската влада поради нејзиното предавство на Македонија?

Ве потсетувам дека декларацијата од 1999 година потпишана меѓу нашите влади пронајде прифатлива формула за потпишување билатерални документи – според уставите на двете земји. Овој принцип беше вграден и во Договорот за добрососедство потпишан од Борисов и Заев во 2017 година. Тој е основа на Францускиот предлог и е задолжителен за спроведување од двете страни.

Инсистирам механизмот за донесувањето одлуки во врска со потпишувањето на Договорот за изградба на железнички тунел под Деве Баир по должината на Коридорот бр. 8 на англиски јазик да биде јавно објавен и да се преземат сите потребни чекори за повторно потпишување на овој документ на начинот опишан во Договорот за добрососедство од 2017 година“, се вели во писмото потпишано од организацискиот секретар на ВМРО-БНД, Александар Сиди.

 

Најнови вести од: Македонија

Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Министерката ги демантираше и тврдењата дека ќе се зголеми партиципацијата за сместување во студентските домови, нагласувајќи дека тоа не е предвидено во законските измени. Таа најави и ново законско решение со кое државата ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, со цел да се намали финансискиот товар врз студентите.

(Фото): Цела недела нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Македонија влегува во период на променливо и нестабилно време, со сончеви паузи, но и со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според временската најава на УХМР, локално процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Нестабилноста ќе се прошири на повеќе места кон петок и за време на викендот.

(Фото): Кисела Вода доби современ едукативно терапевтски центар

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека во населбата Црниче бил отворен новиот Едукативно-терапевтски центар „Ајнштајн“- современа и специјализирана социјална услуга наменета за индивидуална работа со деца и млади со различни развојни, интелектуални и говорни тешкотии.

(Видео): Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира, велат ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со своите лаги и манипулации. Вака од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги искоментираа обвинувањата од Социјалдемократската младина на Македонија дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се крати од стипендиите на студентите и се врши промена во критериумите за сместување во студентските домови.

To top