Македонија

Денес во Охрид врачување на наградата „Драги“ на Кристина Е. Kрамер и Роли Грау од САД за преводот на поезијата на Ацо Шопов на англиски јазик

Доделувањето на меѓународната награда „Драги“ првпат ќе се случи денес, на 11 септември 2025 година во 11 часот и 30 минути во Конгресниот центар во Охрид на на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во рамки на 12-тата Македонско-северноамериканска конференција за македонистика.

Добитници на меѓународната награда „Драги“ за 2025 година за најзначаен превод на книжевно дело од македонски автор се Кристина Е. Крамер и Роли Греј за преводот на книгата „Долгото доаѓање на огнот“ на Ацо Шопов од македонски на англиски јазик. Преводот на репрезентативниот избор од поезијата на Ацо Шопов „Долгото доаѓање на огнот“ („The Long Coming of the Fire“) беше објавен во 2023 година од американската издавачка куќа „Дип велум“, по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на авторот. Ова претставува културен и книжевен настан од прв ред во афирмацијата на македонската литература надвор од нејзините национални граници. Со овој превод делото на Ацо Шопов, еден од најголемите македонски поети, конечно доби рамноправно место во англофонскиот свет, каде што досега беше речиси непознато.

Грау и Крамер создале превод, што на извонреден начин го спојува поетското вдахновение со јазичната точност. Критичарите го истакнуваат нивното мајсторство да ја пренесат целата палета на поетските изрази на Шопов. Преводот доживеа впечатлив прием и јавни претставувања во Париз (УНЕСКО, ИНАЛКО), во Македонија („Струшки вечери на поезијата“), во Токио, Торонто и други светски центри, како и голем број рецензии и критики во САД, Канада и Европа. Од страна на „Европа сега“ („Europe now“) беше избран како една од „омилените книги во превод за 2023 година“. Надвор од областа на книжевноста преводот инспирираше современи музички композиции на канадскиот композитор Мајкл Спиров, што претставува ретка и значајна форма на културно восприемање. Токму затоа со својот превод Грау и Крамер се достојни добитници на „Драги“ за најзначаен превод на книга од македонски автор на странски јазик. 

Кристина Е. Крамер е професорка по лингвистика и славистика на Универзитетот во Торонто, Канада, како и надворешна членка на МАНУ од 2009 година. Повеќе од три децении македонскиот јазик е во фокусот на нејзините најтесни академски интереси. Крамер е интензивно посветена и на книжевно преведување. Oд македонски јазик има преведено дела од Гоце Смилевски, Петар Андоновски, Лидија Димковска и Луан Старова. Преводот на Кристина Е. Крамер на романот „Лето, во кое те нема“ од Петар Андоновски беше закитен со наградата за преведувачи на британскиот ПЕН центар. Исто така и преводите на Лидија Димковска и на Гоце Смилевски беа во потесен избор за значајни награди. Кристина Е. Крамер искажа особена радост што ја добива наградата „Драги“.

Роли Греј потекнува од Балтимор, САД, а од почетокот на 2000-тите живее во Љубљана, Словенија. Познат е како преведувач од словенечки на англиски јазик. Во 2021 година ја добил Лавриновата диплома за достигнувања во преводот, која ја доделува Друштвото на словенечките книжевни преведувачи. Во 2023 година за првпат работел на преводи од македонски јазик заедно со Кристина Е. Крамер.

Со меѓународната награда „Драги“ за најзначаен превод од македонски на странски јазик трета година по ред се дава сериозен поттик за сите книжевни преведувачи од македонски јазик со голема внимателност да пристапуваат кон преводот на македонската литература и почесто да се решаваат делата на нашите автори да се најдат во понудата на издавачките куќи од Европа и од светот. За наградата „Драги“ првично беа номинирани 35 прозни дела на 33 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, за преводи направени од 17 различни јазици.

Годинашното издание на наградата „Драги“ е реализирано од страна на издавачката куќа „Антолог“ со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Македонија и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Наградата се состои од плакета и статуетка „Драги“ и паричен дел, кој изнесува 40 илјади денари.

„Нова Македонија“

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

Секоја генерација треба да знае за хероите кои го дадоа животот за Македонија, рече министерот за одбрана

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а тој се организира во соработка со Министерството за одбрана, Бирото за јавна безбедност и здруженијата на загинатите бранители.

Кекеновски: Наместо „решителен чекор“ Урсула Лаен повторува „сменете устав“ и „разговарајте со Софија“!

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен на Скопје требаше да биде повеќе од уште една протоколарна станица на нејзината балканска турнеја. Барем такви беа очекувањата што претходно беа создадени во јавноста. Нејзината посета не даде доволно јасен одговор. Лаен само повтори дека е потребен клучниот чекор поврзан со уставните измени.“ – нагласува универзитетскиот професор Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „Фон дер Лаен: наместо „решителен чекор“ – „разговарајте со Софија“ .

To top