Македонија

Уништени 37 тони храна, сме јаделе производи со поминат рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава, за време на вонредна контрола кај еден оператор со храна, запленија и нештетно уништија околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на неделава, за време на вонредна контрола кај еден оператор со храна, запленија и нештетно уништија околу 37 тони јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи, како и разни зачини – сите без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.

Ова го соопшти АХВ, откривајќи ги деталите за сериозниот прекршок. На операторот му е изречена времена забрана за работа, парична глоба и наредба за отстранување на недостатоците под надзор.

„АХВ неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителени обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништена“, велат од Агенцијата.
Овие акции се дел од континуираните напори за заштита на јавното здравје и спречување на пуштање во промет на небезбедна храна.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонија на дното по стандардот на живеење, инфлацијата достигна 4,5%, обвини СДСМ

Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано […]

Учебниците се решен проблем, в година нема да „прогледуваме низ прсти“, вели министерката за образование

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска упати порака до директорите на училиштата во врска со недостигот на учебници, нагласувајќи дека тие се должни да ги почитуваат законите и навреме да ги нарачаат потребните материјали. Таа порача дека проблемот со учебниците е системски решен, а одговорноста за недоволен број лежи исклучиво во директорите на училиштата.

Казнети еден куп фирми кои намерно не го чистеле ѓубрето – никој нема да се толерира

Акцијата за чистење на Скопје започна неколку часа откако Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција од неговата претходничка Данела Арсовска, и се очекува да заврши на 11. ноември ноќта.

To top