Македонија

Со 400 килограми риба порибено Мавровското Езеро

Од утре ќе биде воведена двомесечна забрана за риболов

Во рамки на Годишниот план за порибување, водите на Мавровското Езеро биле збогатени со 200 килограми пастрмка и 200 килограми крап.

Од Националниот парк „Маврово“ информираат дека порибувањето е дел од континуираните активности за одржување и унапредување на рибниот фонд, како и за зачувување на природната рамнотежа во водните екосистеми.

„Заштитата на водите и рибниот фонд се наша заедничка одговорност. Со почитување на правилата и одговорно однесување, придонесуваме за зачувување на природното богатство на паркот“, наведуваат од НП „Маврово“.

Од утре ќе биде воведена двомесечна забрана за риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона на Мавровско Езеро. Забраната е донесена со одлука на ресорниот министер, по барање на управата на Националниот парк, и ќе важи до 31 декември 2026 година.

„ Целта е да се овозможи успешно приспособување, распространување и раст на порибените единки во природните услови на Мавровското Езеро, со што се придонесува кон зачувување и обновување на рибниот фонд“, информираат од НП Маврово.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top