Македонија

Ѓорчев: Бугарите треба да ги прифатат уставните измени со одложено дејство

Според бившиот македонски амбасадор во Софија, фер е понудата од Мицкоски за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот македонски пратеник, министер за земјоделство, градоначалник на Кисела Вода и амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, смета дека Македонија ѝ дала на Бугарија фер предлог за уставни измени со одложено дејство.

„Една од шансите што ја даде нашиот премиер Христијан Мицкоски во овие година и пол на власт беше предлогот што сигурно би бил поддржан во Собранието дури и од опозицијата Бугарите да бидат внесени во Уставот со одложено дејство. Тоа беше добар предлог и Бугарите би требало да го прифатат, зошто имаат извесност дека ќе бидат внесени во Уставот пред да влеземе во Европската унија. Дел од нашиот суверенитет ќе дадеме на Брисел и на ЕУ и тогаш навистина во делот на човековите права би значело Бугарите да бидат сигурни дека ќе ги имаат сите привилегии што ги бараат во овој момент, а ние не можеме да го испорачаме тоа. Нашата понуда беше многу јасна, многу чиста, многу концизна и принципиелна. Ние сме подготвени тоа да го направиме во договор во македонскиот политички систем со опозицијата, со науката, со Академијата и да отпочнеме еден процес на подобрување на односите со Бугарија, да им објасниме дека ние немаме ништо против македонските граѓани со бугарска самосвест, коишто имаат свои клубови, свои здруженија, своја политичка партија, сето тоа што го имаме како уставна придобивка за малцинствата во Македонија. Така што мислам дека таа понуда беше многу фер, многу коректна и Европската унија тоа го разгледува – дека Македонија е подготвена“, изјави Ѓорчев за Сител ТВ.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top