Бизнис

Мицкоски: Очекувам над 1000 нови вработувања од компании кои ќе склучат договор со Владата

Ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како крај на светот

Премиерот Христијан Мицкоски при посета на фабриката КОСТАЛ Македонија во ТИРЗ Охрид даде свое видување на новинарско прашање како да привлечеме нови компании кои ќе инвестираат во дежавава.

-Ќе има компании кои што ќе се отвораат и ќе има компаниии кои што ќе се затвораат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и усмешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори во тек до крајот на годината и то 4 или 5 такви компании за веќе да потпишат договори со Владата. Очекувам нови над 1000 работни места кои што би се креирале само како разултат на овие договори, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека како Влада се тука да работат за интерес на граѓаните и државата.

Најнови вести од: Бизнис

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

Гувернерот за економските перспективи на Европа: Нов модел на економски раст клучен за брзо приближување кон ЕУ

Како важен двигател на продуктивноста и растот, Славески ги посочи квалитетот и структурата на инвестициите. Иако регионот привлекува значителни странски директни инвестиции, потребно е нивното поголемо насочување кон попродуктивни активности, поголемо учество на домашните компании во глобалните синџири на вредност и зголемување на додадената вредност на извозот.

Гувернерот на средби со ММФ: Македонската економија покажува отпорност, а банкарскиот систем останува стабилен

Делегацијата на Народната банка оствари средби и со претставници на одделите за статистика, правни работи и монетарни и капитални пазари на ММФ. Беа разгледани досегашните резултати и можностите за понатамошно унапредување на соработката во областа на монетарната политика и статистиката, јакнење на институционалните капацитети и усогласување со меѓународните стандарди.

На што граѓаните трошат најмногу пари секој месец?!

Статистиката покажува дека на македонските трпези најчесто има основни прехранбени производи. Во домаќинствата просечно се консумираат околу 172 килограми леб годишно, околу 64 килограми компир, а од пијалаците најзастапени се безалкохолните пијалаци и млекото. 

To top